Станари од зградите во населбата „Бејбунар“ повторно на протест
Бараат од надлежните да не дозволат градење на нова станбена зграда затоа што со тоа ќе им се намалел квалитетот на живеење во населбата. Овој проблем со години го актуелизираат во јавноста и поднесуваат поднесоци пред судовите.
НУ НП Галичица нема повеќе да продава огревно дрво од сеча на шумата
Оваа одлука следи по зголемениот приход од туристички активности кои драстично се зголемиле последните две години споредени со 2017. Паркот, исто така, доби и значајна финансиска поддршка од PONT, европски фонд за поддржување на националната установа во рамките на охридско-преспанскиот регион.
Земјотрес од 3,1 степен утрово ги разбуди охриѓани
Утрово во 3:26 часот бил регистриран земјотрес во близина на Охрид со јачина од 3,1 степени според Европската макросеизмичка скала.
Локалната размислува за фузирање на јавните претпријатија во градов
Ќе се фузираат јавните претпријатија во градов. Градоначалникот Константин Георгиески вели дека тоа ќе е со цел рационализација и намалување на трошоците на истите.
ТИ: Потребен е поголем политички интегритет
Во најновиот Индекс за перцепцијата на корупцијата во светот во 2019 година на Транспаренси интернешнал Македонија со рејтинг 35 се најде на 106 место.
Одземена концесијата на фирмата “Летница Белвица“ за стопанисување со рибниот фонд во Охридското Езеро
По само неколку месеци стопанисување со рибниот фонд во Охридското езеро државата и ја одзете концесијата на струшката фирма Летница Белвица. Негрижа за рибниот фонд е само една од причините за ваквата одлука на Владата. Изминативе месеци надлежните инспекторати вршеле интензивни контроли во кои утврдиле низа нерегуларности и прекршувања на законот од страна на концесионерот. До изборот на нов концесионер , за да не биде оставено езерото на немилост на рибокрадците државата ќе формира посебно координативно тело за негова заштита.
Божиновски: Затворениот пазар не почна со работа, пазарџиите надвор среде зима
СДСМ вети и излажа дека затворениот зелен пазар по цели три години доцнење почнува со работа од 1 јануари, обвинија од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид. Дојдоа, се сликаа и си заминаа, а пазарџиите останаа надвор среде зима, кажа од партиската говорница портпаролот Перчо Божиновски.
МОН најавува реформи во средното стручно образование
Работодавачите алармираат дека има недостаток од стручен кадар и дефицитарни струки. Се повеќе се наметнува потребата од практична работа која ќе се воведува во наставниот процес за потребите на стопанството. Таков позитивен пример е практичната настава на учениците од ЕМУЦ Св.Наум Охридски, поддржана од Делегацијата на Германското стопанство.