Skip to main content
Јан 2, 2020

Мора да се заострат еколошките критериуми при увозот на пловила, кажува капетанот на Капетанија на Пристаништата на Македонија. Капетанија работи на усогласување на нашата законска регулатива за внатрешна пловидба со европските закони.


Окт 18, 2021

Уште еден чекор нѐ дели од она за кое сите се трудиме, за подобар Охрид, изјави денеска кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, Кирил Пецаков. Тој се заблагодари на охриѓани за поддршката во првиот круг од изборите и заедно со претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид и носител на советничката листа Сашо Донев најавија поголема победа во втор круг.


Јан 2, 2020

Вредносен чек од 10.000 денари и пригодни подароци, денес  градоначалник Константин Георгиески му подари на првото бебе кое се роди во Охрид во новата година. Ако машкото дете е синоним за бериќет, првото бебе во Охрид ни најави плодна и среќна година.


Јан 1, 2020

Охриѓани и гостите во весела атмосфера на градскиот плоштад ја испратија старата и ја дочекаа новата година. Студеното време не ги спречи  да се забавуваат на музиката која ја изведуваа охридски музичари. Круна на вечерта беше  новогодишниот огномет. На плоштадот беше и градоначалникот Константин Горгиески, кој на присутните им посака многу здравје и пријатен престој во градот.


Јан 1, 2020

Првото бебе во оваа година е машко. Бебето дојде на свет во 13 часот и 13 минути.


Јан 1, 2020

Градоначалникот Константин Георгиески, го пушти во употреба зимското лизгалиште. На површина од 325 метри квадратни, лизгалиштето е поставено на Кејот „Македонија“, каде има и мала бина, на која секојдневно учениците од основните училишта ќе имаат културно – уметничка програма.


Дек 31, 2019

Во изминативе две години локалната самоуправа го  исплати наследениот долг во висина од 38 милиони денари. Локалната самоуправа во проектираниот буџет за 2020 година со 25 милиони денари ќе ги поддржува сите општински училишта во престојната година. 


Дек 30, 2019


Тој искажа сомнеж дека   членови на неговото семејство имале последици како резултат на реваншизам врз него. Според него, причината е тоа што додека тој бил активен во службата поднесувал повеќе кривични пријави против  високи функционери во секторот за внатрешни работи и МВР за различни видови  злоупотреби.