ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОДВОДНИ КАНАЛИ ВО СЕЛО КУРАТИЦА
Екипи на ЈП „Градски Гробишта“ деновиве спроведоа акција на ископување и уредување на канали за одведување отпадни води во село Куратица.
Скуба дедо мразовци го чистеа дното на Охридско Езеро
Викендов во Охрид нуркачите од клубот „Акватек“ спроведоа подводна еколошки активности на делови од дното на Охридското езеро. Членовите на нуркачкиот клуб облечени како дедомразовци од езерото извадија гуми од автомобили и камиони, лименки од пијалоци и пластични шишиња, кои ги лоцираа при нивните предходни рутински нуркања.
Растат приходите од туризмот во државната каса
Голем удел во тој дел имаат туристичките објекти од охридско-струшкото крајбрежје.Хотелиерите од регионов очекуваат во 2020 приливот на средства од туризмот да порасне и до 10 проценти повќе во споредба со оваа година на заминување.
ОО ЦК започна повторно да прима донации од облека и обувки
Прекинот беше неколкумесечен заради реновирање на магацинскиот простор. Луѓето од ранливите групи најчесто имаат потреба од зимска облека и обувки.
Над 90 % искористеност на оперативниот план за самовработување во земјава
Во Охрид најмногу се искористени средства за самовработување во услужните дејности. Охрид и Струга имаат најмала стапка на невработеност по градови во земјава, кажа директорот на Републичката Агенција за вработување кој дојде во работна посета на двете општини.
Оглас на ЈП „ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид“ за продажно место-тезги
ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар.
Пецаков и Георгиески во вториот изборен круг за градоначалник на Охрид
Пецаков е во предност пред противничкиот кандидат Георгиески со 2.120 гласови според неофицијалните податоци обработени од Општинската изборна комисија. 1.412 е бројот на неважечки ливчиња, а биле поднесени 14 приговори сите од гласачи.
Советниците ја прифатија информација за изготвениот Интегриран катастар на загадувачи на животната средина на Општина Охрид
На вчерашната седница на Советот на Општина Охрид, последна за оваа година, советниците ја прифатија информација за изготвениот Интегриран катастар на загадувачи на животната средина на општина Охрид.