Skip to main content
Полиција
Фев 8, 2023
Свр билтен
Охриѓанец со остар предмет нападнал негов сограѓанин по вербална расправи пред деловен објект во близина на СРЦ „Билјанини извори“.

Казино
Фев 8, 2023
Игри на среќа
Да нема обложувалници и казина на 500 метри од училиштата. Ова е една од измените на Законот за игри на среќа кои поминаа на влада и ќе одат со европско знаменце на усвојување во парламентот.

Зграда општина Охрид
Фев 8, 2023
Општина охрид
Општина Охрид ве поканува на работна средба – социјален дијалог „Учи паметно работи стручно“ на 8-ми февруари (среда) со почеток во 13 часот.

Дивоградба
Фев 8, 2023
Реагираат охриѓани
Наши сограѓани реагираат на новиот објект од цврста градба кој според нив се гради без дозвола во непосредна близина на Самоиловата тврдина.

Бездомник
Фев 7, 2023
Бездомник ноќите ги минува надвор на минусни температури
Има ли служби во градов кои се грижат за овие лица? Води ли некој сметка за нив, но и за имиџот на градот? Не оставаме ли слика на бездушност и негрижа?, прашува наша сограѓанка.

ОУ Григор Прличев патронат
Фев 7, 2023
Свеченост
Синоќа ОУ Григор Прличев го одбележа патрониот празник. Просторот во спортската сала учениците го исполнија со стиховите од ,,СЕРДАРОТ“, со детска игра и песна. Со свечената приредба на училиштето „Григор Прличев“ се заокружи годинешната програма на Општина Охрид по повод одбележувањето на 130 години од смртта на Григор Прличев.

Куче Спасител
Фев 7, 2023
Дресирање
Со две нови кучиња за потрага по исчезнати лица се зголемува клубот „Куче Спасител“ од Охрид. Ефто Стојаноски дресер со кучето Дикси од расата „Белгиски овчар“, веќе во неколку наврати биле повикувани и учествувале во потраги по исчезнати лица. Планот е во понатамошниот период да се зголемува тимот од водичи и кучиња трагачи со цел поефективно пронаоѓање на лицата по кои се трага.

Костадиновска Стојчевска
Фев 7, 2023
Зачувување на статусот на охридскиот регион
Во Охрид ќе се отвора канцеларија на УНЕСКО. Отворањето на канцеларија е потврда на нашата политика за зачувување на статусот на Охридскиот Регион, порача министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска од Париз каде е на состанок со првите луѓе на телата на УНЕСКО. Министерката информира дека доставени се ажурираниот извештај за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион како заеднички документ со Албанија и извештајот за напредокот во спроведувањето на препораките.