Skip to main content
Дек 12, 2019

Од денес самостојно ќе функционираат јавните претпријатија „Водовод“ – Охрид, „Водовод“ – Струга и државното јавно претпријатие „Колекторски систем“. 


Дек 11, 2019

Никогаш не се случило во овој период од годината пчелите да создаваат нови пчелни легла. Сега се зависи од тоа какви темепратури не очекуваат во престојните зимски и пролетни денови, велат искусните одгледувачи на пчели.


Дек 11, 2019

Од одделението за сообраќај и улици напомeнуваат дека на охридските паркинзи е запазен законскиот процент предвиден за обезбедување на паркинг места за оваа категорија луѓе. Од СВР се  изречени две прекршочни пријави  за злоупотреби кон  несовесни граѓани за оваа година.


Дек 11, 2019

Свикана триесет и шестата седница на Советот на општина Охрид на ден 12.12.2019 година (четврток) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.


Окт 17, 2021

Овие избори сами по себе се предизвик во секоја смисла на зборот поради промените кои ќе доаѓаат во нашта држава, а од каде ако не од Охрид , тоа е најдоброто место да започнат промените. – кажа кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Кирил Пецаков, откако го оствари своето право на глас утрово.


Дек 10, 2019

Охридските автори се повеќе се афирмираат во библиотеката „Григор Прличев“. Им се доделуваат и благодарници и звање почесен член на библиотеката. Деновиве ова звање го доби писателот Коста Фортомар. 


Дек 10, 2019

Од третманот на културното наследство  зависи и нашето членство во ЕУ, сметаат експертите. Профитерскиот пристап на моќниците  е главниот проблем на што реагира  Европската Унија и Унеско, сметаат од Европското движење во Република Северна Македонија.


Дек 9, 2019

Најбројни во Охрид за дочек на Нова година ќе бидат гостите од Бугарија и Србија, а во многу помал број има и домашни. За католичкиот Божик пак на охридското крајбрежје ќе празнуваат Грците.