Охридските гимназијалци даруваат од срце
Со организацијата на саемот насловен „Дарувај од срце“ во гимназијата „Св. Климент Охридски“, се заокружуваат активностите посветени на одбележувањето на патрониот празник на ова средно училиште.
Отворен вториот регионален центар за аутизам во Охрид
Во општата болница во Охрид денеска беше отворен вториот регионален центар за рехабилитација, едукација и сензорна интеграција наменет за ран третман на деца со аутизам и Аспергеров синдром. На настанот беа присутни министерот за зравство на Македонија Венко Филипче, неговиот бугарски колега Кирил Ананиев, првата дама Елизабета Георгиевска Пендаровска, претставници на дипломатскиот кор и други гости.Носител на проектот е Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „ВО МОЈОТ СВЕТ“ асе реализира со поддршка на министерството за здравство и амбасадите на Република Бугарија и Република Чешка во Скопје.
Две проекции на филмот „Дедо и внук“
Во пресрет на премиерата на филмот „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски, а поради преголемата заинтересираност за билети, донесена е одлука да се одржи и втора проекција на филмот.
ОХРИДСКАТА БИБЛИОТЕКА СО СВЕЧЕНОСТ ВО ЧЕСТ НА ПАТРОНОТ НА ОХРИД – СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
Охридската библиотека со низа настани ќе го одбележи празникот посветен на заштитникот на Охрид, Св. Климент Охридски.
Раскинат договорот помеѓу Општина Охрид и Фибула за продажба на атрактивната локација кај каналот
Се раскинува договорот за продажба на земјиштето на локацијата крај Студенчишки канал меѓу општина Oхрид и Фибула травел. Вака одлучи основниот суд Охрид по тужбеното барање на општината. За оваа атрактивна локација на охридското крајбрежје каде требаше да гради два хотели од висока категорија, со години судски спорови се водат поѓу Фибула Травел и ГП Трудбеник кое на таа локација имаше времени објекти во кои беше сместена и дирекцијата на претпријатието.
Охрид ќе добие шелтер центар за згрижување на жртвите од семејно насилство
Просторот еопремен и до крајот на месецов треба да почне да функционира. Податоците од Центарот за социјални работи Охрид покажуваат дека семејното насилство е во пораст што , покрај на други фактори , се должи и на тоа што жртвите се повеќе се охрабруваат да го пријават.
Поскапувањето на струјата негативно ќе се одрази врз рентабилноста на Јавните претпријатија
За избегнување на финансиските загуби општината ќе бара субвенционирање на електричната енергија од државата. Во меѓувреме, Јавното претпријатие „Билјанини извори“ ќе се обиде да најде решение за намалување на потрошувачката на струја.
Охрид подготвен за мразот и снегот, депонирани абразивни средства на повеќе пунктови
На повеќе локации депонирани се вреќи со сол и ризла кои нашите служби и жителите можат да ги користат превентивно за справување со голомразица и снежни врнежи и тоа: „Стар Град“, У.З.„Гоце Делчев“ – бараки, по сите воспитно-образовни институции на територијата на општина Охрид, покрај фреквентните сообраќајниции и руралните подрачја кои се наоѓаат на поголема надморска висина и тоа: с.Елшани, с.Долно Коњско, с.Рача, с.Рамне и с.Велестово.