Skip to main content
Дек 3, 2019

 Средношколците на  забавен начин покажаа како лесно ја совладуваат наставата по предметите хемија и  физика. Средното општинско училиште Свети Климент Охридски постојано ги осовременува кабинетите за изведување на наставата по сите природни науки.


Дек 3, 2019

Повеќе охридски здруженија го одбележаа светскиот ден на инвалидите.  Од  Локалната самоуправа ги  следат потребите на  овие лица и најавуваат два големи проекти, пристапност за инвалидите  до општинската сала и спортскиот стадион Билјанини извори. 


Дек 3, 2019

Црвен крст Охрид, а воедно и градот Охрид  е побогат за уште една музичка содржина.Во рамки на Црвен крст Охрид започна да делува женскиот хор „A Cordis“.


Дек 3, 2019

Во неколку туристички списанија и весници и на социјалните мрежи, Охрид се промовира во Италија. Деновиве се објавени повеќе промотивни текстови со кои потенцијалните италијански туристи се запознаваат со културно – историското наследство на Охрид, но и со природните убавини.


Окт 17, 2021

Според последните податоци од Државната изборна комисија до 18:30 часот, од обработени податоци од 74 од 88 избирачки места на гласање излегле 20 553 охриѓани или 54,83 %.


Дек 2, 2019

 Работите се очекува да отпочнат овој месец.  За следната година во буџетот на општината се планирани средства за изградба и реконструкција на уште две поголеми градски улици како што се Абас Емин и 7-ми Ноември, но и подорбрување и на патната инфраструктура во остантите делови од градот.


Дек 2, 2019

Деновиве заврши изградбата на пешачката патека во стариот дел на градот, што води од Саат кулата до Горна порта. Должината на патеката е 275 метри, со крак од 114 метри, што ја спојува патеката со улицата “Св. Кирил и Методиј“.


Дек 2, 2019

По повод 16 денови активизам борба против семејно насилство и насилство врз жени и деца, Женски Центар Бисера одржа дебата  на тема „Превенција од Семејно насилство“.