Skip to main content
Окт 17, 2021

Во текот на последните 24 часа се направени 3.045 тестирања, при што се регистрирани 329 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.


Ное 28, 2019

Внимавајте кога купувате преку интернет. Има многу измами, а купувачите не си ги знаат своите права. До Организацијата на потрошувачи во Охрид пристигнати се голем број поплаки токму на оваа тема.


Ное 28, 2019

Во организација на „Yahya Kemal“ college во Струга се одржа математички квиз во кој учество зедоа и ученици од ОУ „Григор Прличев“.
Нивниот тим го сочинуваа: Емилија Николовска, Нина Стевоска и Драгана Каневче, три ученички од деветто одделение под менторство на наставничката Марика Бубеска.


Ное 28, 2019

По повод новогодишните и божиќните празници ЈП „Градски Пазар“ издава тезги под закуп за продажба на новогодишни украси на локација на плоштадот кај стариот чинар.


Ное 27, 2019

Охридските и струшките хотелиери нудат сместување за настраданите во земјотресот во соседна Албанија.


Ное 27, 2019

Нова премиера на Охридскиот народен театар. Хотел ни на небо ни на земја, во режија на Љупчо Ѓоргиески е престава каја е метафизичка неизвесност помеѓу сонот и стварноста, помеѓу комичното и трагичното, во потрага по смислата на постоењето и животот. Во преставата учествува повеќебројна актерска екипа, главно сочинета од охридските глумци, но има и надворешни соработници.


Ное 27, 2019

Екипи на одделението за изградба, одржување и реконструкција на локални патишта и улици при ЈП „Нискоградба“ деновиве работат на поплочување со бехатонски плочи на крак од улица „Сатеска“, а се нивелираат и шахти на булевар „АСНОМ“.


Ное 27, 2019

Екипи на „Паркови и зеленило “ при Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ денес засадуваат  цветен саден материјал од зимската реколта на  кружните текови  во близина на гимназијата и кај Охридска Банка каде хортикултурно се уредува и жардинеријата. Утре со цвеќе ќе се разубавуваат и останатите кружни текови.  Се засадуваат цвеќиња од типот viola (очиња ) од сопствено производство.