ОХРИД ГО ДОБИ ЦЕНТАРОТ ЗА ЛИЦА СО АУТИЗАМ
Отворен Центарот за рехабилитација, едукација и сензонарна интеграција за возрасни лица со аутизам, во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“.
Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“ го започна спроведувањерто на проектот „КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО“
Проектот е кофинансиран од Европската унија и националните фондови на земјите учеснички во програмата, а чија цел е подобрување на здравствената услуга во регионот преку олеснување на пристапот на болните до здравствените услуги како и набавка на медицинска опрема и медицинско возило.
Туристичките водичи се обучуваат за управување со ризиците во авантуристичките тури
уристичките водичи се обучуваат за управување со ризиците во авантуристичките тури. Обуките ги спроведува спасителната служба на планина, а целта е да се обезбеди меѓусебна соработка и да бидат запознаени со кои капацитети располага спасителната служба за да можат да се намалат последиците во случај на несреќи.
35,75 % од граѓаните на Охрид гласале до 15 часот
Од вкупно 52 477 избирачи во Охрид до 15 часот на гласање излегле 35,75 % од граѓаните, според најновите информации на Државната изборна комисија.
Гладијаторите во недела на домашен терен го пречекуваат битолски Пелистер
Охридските ракометари од позиција на фаворити најавуваат прокнижувања на нови три бодови. Градскиот ракометен клуб Охрид е втор на табелата со само еден бод помалку од лидерот Металург.
Ставен во функција ангиографот во Кардиолошки
После едномесечен застој поради дефект ставен во функција ангиографот во Кардиолошки. Од вчера се прават коронарографии и стентирања на пациенти. Над 4600 пациенти месечно се третираат во кабинетите на специјалната болница. Над 2000 дијагностички интервентни процедури и над 2500 пациенти годишно се згрижуваат во одделот за интензивно лекување.
5 години нуркачки центар „Амфора“
Нуркачкиот центар Амфора одбележува 15 години од неговото постоење. Зад овој јубилеј стојат голем број реализирани проекти, стотина обучени нуркачи кои имаат сертификат кој важи насекаде во светот, многу залагање и ентузијазам.
Започнува бесплатната вакцинација против сезонски грип
Од денес во охридскиот Центар за јавно здравје започнува бесплатната вакцинација против сезонски грип.