Skip to main content
Мерни инструменти
Јан 31, 2023
Министерство за животна средина и просторно планирање
Градоначалникот Пецаков им се заблагодари на претставниците на министерството за досегашната соработка и изрази надеж дека и во иднина ќе може да се имплементираат слични заеднички проекти.

Камиони
Јан 31, 2023
Центар за развој на југозападен плански регион
Јавните комунални претпријатија во Охрид ќе се подноват со нова опрема. Преку проект на Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе се набавува камион кипер за ЈП Водовод и два трактори со опрема за ЈП Комуналец и Нискоградба. Целта е обновување на застарената опрема и поголема ефикасност на јавните претпријатија, зголемување на квалитетот на работата и намалување на трошоците.

Техничка вода
Јан 31, 2023
Градскиот совет даде согласност
Хотелите кои користат техничка вода, а немаат водомер, инвеститорите при градба на објекти, како и автоперални ќе плаќаат надоместок на ЈП „Нискоградба“. Ќе се фактурира паушал за кубици испуштена вода во канализациониот систем, врз основа на пресметки од хидроинженери за минималниот и максималниот испуст на вода во текот на еден месец и една година.

Јан 31, 2023
Земјоделие
Сезер Акин сака да ја разбуди љубовта кон ботаниката кај луѓето со садење на билки на балконите и терасите. Вредниот производител на органска храна подготвил и земјени топчиња со семе од цвеќиња кои ќе бидат расеани низ природата.

ОУ Братство Единство
Јан 31, 2023
Општина охрид
Вредноста на реконструкцијата на санитарните јазли изнесува 1 313 600 денари, додека вредноста за реконструкција на електричната инсталација изнесува 824 188 денари.

Прличеви беседи 2023
Јан 31, 2023
Центар за култура григор прличев охрид
Со изложба на ликовни дела на уметници од колекцијата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе започнат годинешните „Прличеви беседи“.

Ер Србија
Јан 31, 2023
Охрид, македонскиот бисер и македонскиот туристички и културен центар ќе биде воздушно поврзан со Белград четири пати во неделата, односно секој понеделник, среда, петок и сабота, од 5-ти јуни 2023 година.

Свети Атанасиј
Јан 31, 2023
Празник
Православните христијани денеска го празнуваат споменот на Свети Атанасиј Велики, познат како Танасовден зимен.