Skip to main content
Окт 31, 2019

Градоначалникот Ногачески апелира до месните заедници да склучат договори со Јавното Комунално претпријатие за да ги препуштат водоводите на одржување. И понатака месните заедници и општините никако да најдат меѓусебен договор за управување со селските водоводи.


Окт 31, 2019

Утре во Инфо центарот на ЈУ Национален парк Галичица во Охрид ќе се одбележи годишнината од прогласувањето на националниот парк.


Окт 31, 2019

Започнаа градежните активности за санирање на оштетените делови на улицата „ Васил Главинов“, со гребење на стариот и поставување на нов асфалтен слој.


Мар 1, 2022

Охрид е втор центар за неврохиругија во земјава, каде се лекуваат пациенти од цела западна Македонија. Во болницата „Свети Еразмо“ се прават најсложените оперативни зафати. Кадар има, има и медицинска опрема, но просторните услови не се добри. Се чека да биде пуштен во употреба новиот реновиран блок.


Окт 31, 2019

Во соработка со граѓаните, деновиве, беа поставени повеќе сферни огледала на неколку улици на територија на општина Охрид.


Окт 15, 2021

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишниот К.Н. од Охрид.


Окт 31, 2019

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид денеска јавно побараа од Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да постапи по доставената,  од нивна страна, претставка за судир на интереси. Партискиот портпарол ја повика Комисијата навремено да реагира во однос на случајот со советникот Сашо Ставрески поради извршување на две функции истовремено.


Окт 30, 2019

Тоа се должи на сплет околности како  што се неинформираноста, скапите вештачања при докажувањето на  загадувачот, но и немање капаците на институциите, велат од скопскиот Центар за еколошка демократија Флоразон. Тие спроведуваат проект за зајакнување на граѓанското општество со ефикасни правни реформи.