Skip to main content
Окт 15, 2021

Поштарите се лицето на Македонска пошта, а немаат униформи, обувки ниту превозни средства, велат од синдикатот кој денеска на состанок со генералниот директор и управниот одбор ќе ги изнесе барањата за подобрување на условите за работа и навремена исплата на плати. Денеска вработени во подружниците на Македонска пошта меѓу кои и охридската излегоа на протест во знак на револт од состојбата во компанијата.


Окт 22, 2019

Во соработка со Капетанија и Хидробилошки завод  ќе побараат да се утврдат надлежностите за ставање ред во каналот. Неисправните пловни објекти со години скапуваат во каналот и стануваат потенцијална еколошка опасност. 


Окт 22, 2019

Алпинистички клуб „Патагонија“ и Општина Охрид, на 27 октомври 2019 година (недела) го организираат првото промотивно издание од “Ohrid Outdoor Festival”.


Окт 22, 2019

На 20.10.2019 околу 20.00 часот во СВР Охрид пријавено е нарушување на  јавниот ред и мир со физички напад извршен во угостителски објект на улица „Железничка“ во Охрид од В.Ј.(38), М.Ј.(35) и М.Ј.(30), сите од Охрид, врз  В.И.(29) од Скопје и Х.Р.(19) од Охрид.


Окт 22, 2019

ОО на Либерално Демократската Партија од Охрид бара поведување на иницијатива за дислокација на спомен-обележјето на  Григор Прличев и му предлага на Советот на Општина Охрид, да донесе решение за истата.


Окт 22, 2019

Викендов на стрелиштето во гимназијата воСандански се одржа седмиот по ред меѓународен Турнир во гаѓање со воздушнооружје-меѓународна програма, на кој учество зедоа стрелци од повеќе клубови од  Македонија и Бугарија.


Окт 21, 2019

Не се знае колку од објектите што имаа статус дивоградби во Охрид и долж брегот ќе ги урива општината. Дел може да бидат легализирани, а дел се под ингеренција на Министерството за транспорт и врски. Во петок на седница на совет со ребалансот на буџетот дополнително ќе се издвојат  пари од општинската каса  за уривање на дивоградби.


Окт 21, 2019

Посети училишни објекти и улици на кои се изведуваат реконструкции. Градоначалникот ги најави проектите кои ќе се изведуваат следната година како што е изградбата на катната гаража.