„Метод” (El mètode Grönholm) од Жорди Галсеран, повторно на репертоарот на Народен Театар Охрид
Најпоставуваниот современ шпански текст во регионот „Метод” (El mètode Grönholm) од Жорди Галсеран, повторно на репертоарот на Народен Театар Охрид.
ПОРАДИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ОГРАНИЧЕН СООБРАЌАЈ НА „АСНОМ“
Општина Охрид ги известува сите учесници во сообраќајот дека од денес (21.10.2019 г) целата улица „АСНОМ“ или нејзини делови ќе биде затворени за сообраќај во одредени периоди од денот поради изведба на градежни активности.
ВО ПЕТОК ТРИЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
За крајов на неделава свикана триесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид на ден 25.10.2019 година (петок) со почеток во 9:00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.
Заев: Предвремени избори на 12 април
Дванаесетти април идната година е датумот на кој ќе се одржат предвремените избори, изјави претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев по денешната лидерска средба што се одржа на Вилата Водно, по иницијатива на претседателот, Стево Пендаровски.
Георгиески : Охрид заслужува да оди напред, а охриѓани го заслужуваат најдоброто
Дојде време на вистинскиот избор, дојде време на вистинската одлука за Охрид. Дојде време да го изберете најдоброто за вас, за Охрид, за нашата татковина. Во недела вие одлучувате, дали одиме напред или се враќаме назад. Вие одлучувате дали нашиот град ќе продолжи со започнатиот развој и подобра иднина за сите или ќе се врати во неизвесност и деструкција. – кажа на денешната завршна прес-конференција кандидатот за градоначалник, д-р Константин Георгиески.
Георгиески:Советниците донесоа историска одлука за поделбата на МЈП „Проаква“
Советниците треба да се горди со тоа што се дел од еден ваков процес, кој што денес, за среќа на сите нас го финализираме. Формирањето на новото јавно претпријатие конечно значи инвестиција во иднината и една вистинска подадена рака од државата за нашиот град.
Жителите на „Христо Узунов“ на втор мирен протест кажаа НЕ за базна станица
Од Иницијативниот одбор за отстранување на антената која е во фаза на поставување побараа подршка од градоначалникот, советниците и охридските пратеници. Во тек е петиција против базната станица која за неколку денови ја потпишале над 900 жители на населбата.
„Исцелител“ пред охриѓани
Еден од најуспешните македонски играни филмови „Исцелител“ ќе се прикаже во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид на 25-ти и 26-ти октомври во 20.00 часот, влез 100 денари.