Георгиески: Финализирана постапката за изградба на катна гаража
„Додека јас и кандидатите за советници од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ секојдневно пред вас ја презентираме програмата со најдобрите проекти за Охрид, од спротивната страна имавме можност да слушнеме само паушални ветувања, копирани идеи и најави за проекти кои се веќе во поодмината фаза на реализација“. – истакна на денешната прес конференција кандидатот за Градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата, Константин Георгиески. „Од нив не слушнавме ништо ново, ништо поразлично“ – вели тој, само безидејност и празни зборови.
НАЈГОЛЕМОТО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО ГРАДОВ, ОУ„ХРИСТО УЗУНОВ“ ЌЕ ДОБИЕ НОВ ПОКРИВ
Започнаа работни активности за промена на покривната конструкција во ОУ „Христо Узунов“. За оваа намена во Годишната програма за образование на Општина Охрид се предвидени 4.109.512 денари.
Охридските гимназијалци добиваат можност за две годишна стипендија во Британските училишта
Покривањето на школарината го овозможува Фондацијата HMC Project која досега стипендирала 1800 ученици од 14 земји од Југоисточна и Централна Европа. Охридските средношклоци кои ќе ги поминат квалификациите од следната учебна година ќе учат во Англија.
Учениците од средното угостителско училиште „Ванчо Пиштошески“ постигнаа резултати на два меѓународни натпревари во неколку диспциплини
На Гастромак Охрид освоија две медалји, а на Гатус во Пореч три, две срберени и една бронзена. На меѓународните натпревари по готварство учениците потврдија дека не заостануваат зад моменталните трендови во нивната професија и поседуваат знаења и умешност по готварство.
Се одржа ждрепката за баскет турнирот 3×3
Во просториите на ЈП Билјанини Извори пред присутните претставници на сите 14 екипи пријавени за 7-мо Ноемврискиот турнир во баскет 3×3 се одржа ждрепка за двете групи согласно договорениот формат на турнирот.
ПРВ МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ФУДБАЛ „ОХРИДСКИ БИСЕРИ”
ЈП Билјанини Извори ја известува јавноста дека утре во 09 часот свечено ќе биде отворен првиот меѓународен турнир во фудбал “Охридски Бисери” генерација 2008/2009 и 2010. Натпреварите ќе се одиграат на терените на Спортско рекреативниот центар “Билјанини Извори” и тоа на 18 и 19 октомври со почеток од 9 часот и 30 минути.
Постигнат договор за брегзит
Договорот за брегзит конечно е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми.
СВЕТСКАТА НАГРАДА ЗА ХУМАНИЗАМ ДОДЕЛЕНА НА ДАЛИМИР ХАЈКО
Одржана Меѓународна онлајн конференција: „Охридската школа на хуманизмот од Средниот век до денес во Европа и Светот“, посветена на годинешниот добитник на Светската награда за хуманизам, академик Далимир Хајко од Словачка.