Триесет и трета акција на „Чист Охрид“
Десетина активисти викендов во Охрид собраа 15 вреќи ѓубре, габаритен отпад, како и остатоци од 2 педалинки, вакви се резултатите од триесет и третата акција на Чист Охрид, инспирирана од иницијативата за Национална акција на #НеБидиЃубре.
Treck me организираа промотивна рекреaтивна тура низ Галичица
Средно тешката пешачка тура во должина од 9 км се одвиваше на потегот на планинските села Горно Коњско, Шипокно и Велестово. Прошетката по патеката со прекрасен видик кон езерото траеше три часа, а турата е дел од Проектот за локален и економски развој на Југозападниот регион поддржан од Светска банка.
Црквите лесен плен на крадците
Црквите се уште се без видео надзори, без чувари, без алармни уред поради што претставуваат лесен плен за крадците. Експертите сметаат дека се потребни системски промени и посторга законска регулатива. Според нив главен виновник за пустошењето на вредното културно историско црковно наследство е државата.
Започна Меѓународниот гастрономски натпревар „Гастро Мак” чиј домаќин е Охрид
Триста мастер шефови и готвачи од триесетина земји ширумс ветот ќе разменуваат искуства и меѓусебно ќе ги запознаваат своите традиционални јадења. Годинешен претседател на судскиот тим е славниот хрватски готвач Стево Карапанџа.
Меѓународна конференција посветена на црквата „Света Софија“ во Охрид
Еминентни теолози од Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска, Италија, Словенија и од Босна и Херцеговина три дена ќе бидат дел од големата меѓународна конференција посветена на црквата „Света Софија“ во Охрид.
ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка по повод 11 Октомври, денот на востанието на македонскиот народ.
Црвен крст Охрид ќе ја реализира кампањата „Ден на борба против глад“
Под мотото „Помислете и на нас“, Црвен крст Охрид традиционално ја организира кампањата за „Ден на борба против глад“.
ОУ “Дебрца” ја одбележува Детската недела
Со разни активности во сите држави членки на ООН во првата полна недела од месецот октомври се одбележува Детската недела.
И учениците од ОУ “Дебрца” со повеќе активности се вклучени во одбележувањето на Детската недела.