Skip to main content
Окт 10, 2019

Сакате ли да го видите Охрид од висина и да го доживеете најубавото зајдисонце движејќи се по Галичица?  “ТреккМе Охрид” во рамки на проектот „Капацитет и иновација на туристичките услуги за одржлив локален економски развој – Нов пристап преку развој на алтернативни туристички атракции“, имплементиран од FINANCE THINK – Институт за економски истражувања и политики, Скопје, во партнерство со Универзитет Американ Колеџ Скопје ќе реализира една од 12 тури за алтернативен туризам насловена како „Најубавиот поглед на Охридско езеро“, утре ,11-ти октомври.


Јан 3, 2022

Мал интересот за патувања за Новогодишните празници. Пред пандемијата најпродавани дестинации за дочек на Новата година беа европските метрополи. И зимувањата годинава се сведени на минимум.


Окт 10, 2019

Синоќа во Охрид свечено беше отворен меѓународниот Младински турнир во шах „ЛАСКЕР 2019“ на кој учествуваат шахисти од Албанија, Бугарија, Србија и Северна Македонија.


Окт 15, 2021

Врз oснова на Јавниот Повик за прибирање на идејни решенија за уредување на плажите на Охридското Езеро кој беше објавен на 30.08.2021 година, до Општина Охрид пристигнаа две идејни решенија согласно условите на повикот.


Окт 10, 2019

Градоначалникот Константин Георгиески, денес, оствари средба со учесниците  и организатори на работилницата за лица на високи позиции, меѓу кои беа Емил Шипочки и Иван Хостинк од канцеларијата за врски на НАТО со Република Северна Македониа, проф. д-р Неџад Корајлиќ, декан на Факултетот за криминалистика, криминологија и сигурносни студии во Сараево, Босна и Херцеговина и проф. д-р Михајло Дојчиноски од воената академија „Генерал Михајло Апостолски“. Работилницата е посветена на хибридните закани во Југоисточна Европа.


Окт 9, 2019

Во следните 6 години тие ќе стопанисуваат со рибниот фонд. Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство ја избра оваа фирма од 7-те пријавени на јавниот повик, од кои една фирма од пријавените ја обжали концесијата и поведе правна постапка, која е завршена, изјави од Охрид ресорениот министер, Трајан Димковски.


Окт 9, 2019

Се гради домот за стари лица кај Грашница. Некое време работите стагнираа поради немање пристапен пат до локацијата. Од Локалната тврдат дека проблемот е надминат и дека Охрид за две години треба да добие современ старски дом.


Окт 9, 2019

Овојпат наш партнер е тимот на Oriflame со кого на 11 и 12 октомври, на градскиот плоштад  „Св.Климент Охридски“, Охрид, во периодот од 11 до 16 ч. Ве покануваме на дружење и забава, зачинета со хуманост.