„Медена земја“ на 4-ти и 5-ти октомври пред охриѓани
Најнаградуваниот македонски документарец, што со победа во три категории на почетокот на годинава триумфираше на престижниот филмски фестивал „Санденс“, „Медена земја“ (Honeyland), на 4-ти и 5-ти октомвриќе се прикажува во Охрид.
Успех на охридската тенисерка Стојаноска
Ана Стојановска од Тениски клуб Охрид го освои првото место на Отвореното првенство на Северна Македонија за јуниорки до 14 години кое се одржа на терените на ТК Југ во Скопје од 28 – 30 Септември.
Јованоски : Да избереме Совет кој ќе ги става интересите на градот над сите други интереси
Гласот за Градоначалник мора да оди заедно со гласот за советничката листа, порача носителот на советничката листа од редовите на СДСМ и коалицијата Најдоброто за мојата општина. Јованоски напомена колку помалку советници добијат останатите советнички листи, толку повеќе Советот ќе биде растеретен од притисоци.
КОШАРКАРСКИ ТУРНИР „3 Х 3“
Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, под покровителство на општина Охрид, по втор пат го организира турнирот во баскет „3 х 3“. Пријавувањето за учество на турнирот, кој се организира по повод чествувањето на 7 – ми Ноември -Денот на ослободувањето на Охрид, ќе трае до 10. октомври.
Посебни мерки во сообраќајот во Охрид, доаѓа државниот секретар на САД
Министерството за внатрешни работи jа информира jавноста дека во петок (4.10.2019) во Охрид ќе престојува делегација предводена од државниот секретар на САД, Мајк Помпео, Поради тоа, Секторот за внатрешни работи Охрид ќе преземе соодветни активности, особено во делот на одвивањето на сообраќајот.
Македонскиот литературен јазик го снемува
Полека, ама сигурно стандардниот Македонски литературен јазик го снемува. Годинава само неколку средношколци се запишале на Филозофскиот факултет во Скопје. Причини за тоа има многу.
Со нови методи ќе се следи квалитетот на воздухот во Охрид
Загадување на воздухот над дозволените граници се очекува и оваа зима. Охрид не спаѓа во критичните градови, но добива можност да го следи квалитетот на амбиенталниот воздух. Од проект за прекугранична соработка на ИПА европските фондови доби мониторинг сензори и филтри за оџаците на индивидуални објекти. Охрид, денес го одбележа денот на Европската соработка.
ФРОНТ 21/42: Нашата земја не е ни блиску до суштинско посветување на исполнување на препораките од УНЕСКО
Рушењето на дивоградбите според препораката на УНЕСКО можеме најрано да го очекуваме кон крајот на 2021 и почетокот на 2022 година, велат од невладината Фронт 21/42. Додаваат дека она што сега се случува во Охрид е почеток на основно владеење на правото и законот во областа на урбанизмот.