Skip to main content
Сеп 26, 2019

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 30. Септември 2019 година (понеделник), во катедралната црква „Света Софија“ – Охрид, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија“. 


Сеп 26, 2019

Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид и оваа година  е носител на активностите за одбележување на „Светскиот ден на срцето“ во нашиот град.


Сеп 26, 2019

Министрите за земјоделство на Република Северна Македонија и Република Албанија денеска во Тирана ги разгледаат можностите за контролирано изловување охридска пастрмка од двете страни на границата.


Сеп 26, 2019

Работите конечно тргнаа од мртва точка и се постапува по напластените проблеми со дивоградбите за кои не се постапувало според законот од 2003 година навака.  Јавноста и општината да знаат дека ова ќе биде битка која ќе трае со години и не се решава за неколку дена, порача  Георгиески за моменталните постапки кои се водат за рушење на дивоградбите во Охрид.  


Сеп 25, 2019

 Младите охриѓани од основните и средните училишта испратија порака за соживот,  толеранција и разбирање.  Годинава младите од Црвен крст во рамки на програмата за хумани вредности реализирале 8 проекти  со што помогнале на голем број наши сограѓани.   35 активисти  од Програмата ПХВ добија  благодарници.


Сеп 25, 2019


Десеттина културно  уметнички друштва од земјава ќе настапат со својот староградски мелос. Средбите се одржуваат по 31 -ви пат во Центарот за култура Григор Прличев, а влезот за посетителите е слободен.


Окт 14, 2021

Времето денеска во Охрид облачно и студено со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), проследени со засилен северен ветер. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см.


Сеп 25, 2019

Локалната власт прави фарса од уривањето и спречувањето изградба на нови дивоградби со тоа што за неа се незабележливи дивоградбите во заштитеното подрачје, обвинија денес на прес конференција од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид.