Skip to main content
Сеп 13, 2019

Во земјава годишно на депониите околу градовите завршуваат  700 тони комунален  отпад. Постапките за изградба на регионални стандардни депонии се бавен процес за кој треба многу серизони реформи на многу нивоа, порача претседателот на Светската организација з а управување со цврст отпад.


Сеп 13, 2019

Активностите за справување со цврст отпад се од суштинско значење  за заштита на  животната средина и градење поздрава иднина за сите нас. Ова беше истакнато  на почетокот на акцијата за чистење на  Охридското Езеро и крајбрежје, поддржана од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, како дел од акцијата „Чисто како дома исто“


Окт 13, 2021

Со мотото „Пред вистината и Боговите молчат“ професорот Митрески одбележа деведесет години од животот. Автор е на голем број објавени книги кои се засноваат врз историски факти од нашата историја. Рецезент е на голем број дела меѓу кои и „Впечатоци за хуманоста“ монографија за Општинската организација за Црвен крст.


Сеп 13, 2019

По налог на општина Охрид, екипи на ЈП „Нискоградба“, започнаа активности за нивелирање и промена на оштетените капаци од шахтите.


Сеп 13, 2019

Во организација на Националната установа „Охридско лето“, в сабота, на 14 септември, во црквата „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 20 часот, концерт ќе одржи јапонско-хрватскиот пијанист Томохиро Адачи.


Сеп 13, 2019

Под мотото „Пешачи со нас“ и Охрид со бројни низа активности се приклучува кон одбележување на Европската недела на мобилност од 16-ти до 22-ри септември.


Сеп 13, 2019

Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен Удар“ како дел од проектот КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО „Подобрување на квалитетот и пристапноста на здравствената заштита и социјалните услуги во пограничните региони – Квалитетно Здравство“  на ден 15.09.2019- недела во Центарто за култура „Григор Прличев“ со почеток во 09.00 часот  ќе организира јавна активност со цел одредување на ризикот од мозочен удар кај населението во Охрид.


Сеп 13, 2019

Црвен крст Охрид како едно од своите приоритетни залагања го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел тие да бидат достапни за сите како хуманитарен акт кој ги овластува  луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од  нагло настанати заболувања или повреди.