Skip to main content
Окт 12, 2021

Охрид треба да биде најбогат град во Македонија, а не град од кој се иселуваат луѓето. Нема да си одиме од дома, решивме да се бориме за Македонија, а Охрид е прв во битката, порача на синоќешниот митинг во населбата Видобишта, кандидатот за Градоначалник на Охрид од ТМРО, Гоце Цветковски. Вети домаќинско и чесно работење за решавање на основните проблеми на граѓаните и Охрид да стане еколошки туристички центар преку целата година. 


Сеп 5, 2019

Наша основна определба беше и е да се фокусираме на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во општината и во тој контекст со средства од Буџетот на државата, ЕУ фондовите, буџетот на општината и други расположливи извори да инвестираме во капитални инфраструктурни проекти.


Сеп 5, 2019

Национална установа Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид / Народен театар Охрид гостуваат во Скопје на фестивалот “Гола Месечина” кој е во организација на Театар Комедија од Скопје, во САБОТА, 7-ми септември со почеток од 20.00 часот, со преставата „Каде е пиштолот?“ од унгарски автор Габор Ѓоргеј во режија на Дејана Николовска.


Сеп 5, 2019

Компанијата „Интелегент нетворк солушн“ ја презентираше можноста општина Охрид да биде дел од ГИС системот. На презентацијата присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.


Сеп 4, 2019

Во Охридското езеро има околу 150 педалини од кои дел се амортизирани.  Ќе  се бараат услови за издавање педалини, но ќе се  контролира и  нивната техничка исправност, најавуваат од Капетанија на пристаништа.


Сеп 4, 2019

Градоначалникот Константин Георгиески собра храброст, па реши ќе спроведува закон со тоа што се приведени тројца градежни работници. Со тоа покажува дека Локалната самоуправа делува селективно и е определена да се справува само со обичниот граѓанин, реагираат од ОК на ВМРО ДПМНЕ на соопштението на локалната.


Сеп 4, 2019

Локалната брзо и ефикасно ќе се справувала со дивоградбите а пример за тоа било вчерашното приведување на градежни работници кои работеле на нелегален објект на ул Марко Нестороски. Од локалната најавуваат интензивирање на  контролите за нелегално градење во соработка со  СВР-Охрид и другите надлежни  државни институции.


Сеп 4, 2019

Покрај ветувањата, цели шест месеци локалната не чепнала ништо од реализација на ветувањата за поголемите комунални зафати со кои требаше да се реши проблемот со атмосферската и комуналната канализација во многу делови од градот, обвинија денес на прес конференција од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид.