СО РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ИЗДВОЕНИ СРЕДСТВА ЗА РЕВИТАЛИЗАЦИЈА И ДОГРАДБА НА КОЛЕКТОРОТ НА ОХРИДСКО ЕЗЕРО
Со ребалансот на Буџетот за 2019 година Владата на Република Северна Македонија ќе издвои, 183 милиони денари за Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро согласно потребите за УНЕСКО и природните потреби за заштита на Охридското Езеро.
Охридски угостители против уривањето на платформите во езеро
Рушење на атрактивни платформи на угостителски објектна езерото ќе предизвика непроценлива штета врз туризмот и економијата, сметаат дел од угостителите. Иако станува збор за дивоградби , општината требало да изнајде начин да им ги легализира затоа што немале штетно влијание врз природата а угостителите ги плаќале сите давачки кон државата.
In Memoriam: Почина Проф. Милица Марковска
Синоќа во 93тата година од животот , почина Милица Марковска, професор по историја во пензија и истакната граѓанка на Охрид, носителка на ордени, медали и награди за својата педагошка работа и општествени активности.
Охридските советници ќе одлучуваат за затворање на Буково и формирање на ново ЈП „Депонија“
Општината ќе издава концесии за плажи на крајбрежјето според планот за управување со Охридското крајбрежје. Приоритет на Локалната самоуправа е да работи и понатаму на имплементација на препораките на Унеско за да се зачува загрозениот статус на Охридскиот регион.
Нов циклус на програмата „Млади лидери создаваат иднина“
По успешната прва реализација на програмата „Млади лидери создаваат иднина“, Црвен крст Охрид најавува нов циклус на спроведување на оваа програма за млади.
33-годишник од Мешеишта се заканувал на вработен во струшкиот затвор
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Т.(33) од селото Мешеишта, општина Дебрца.
Понеделник 9 септември неработен ден за сите граѓани
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 8 септември 2019 година (недела), Денот на независноста, односно 9 септември 2019 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „БОРБА И СТРАДАЊЕ-ПОЛСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗА ВРЕМЕ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА“
Во организација на амбасадата на Република Полска во Република Северна Македонија, синоќа во Центарот за култура „ Григор Прличев“ беше отворена изложбата „Борба и страдање-Полските граѓани за време на Втората светска војна“.