НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид со ново работно време
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ги известува читателите и корисниците на нејзините услуги дека одделението за издавање книги од втори септември повторно ќе е отворено секој работен ден од 8:30 до 18:30 часот.
9 санкции за возачи од Охрид за надминување на дозволената брзина
При сообраќајни контроли извршени на 11.10.2021 година од 13 до 19 часот, полициските службеници регистрирале и санкционирале 38 возачи на патнички и други моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење во населено место (Охрид-09, Струга-20, Кичево-09) како и 25 возачи кои, надвор од населено место, возеле со поголема брзина од дозволената.
Секое лето истата слика пред Рамстор
Во строгиот центар на градот , веднаш до градскиот плоштад секоја година за време на туристичката сезона, истата грда слика на палети и пакети со производи на тротоарот и зелената површина до маркетот Рамстор. Охриѓани секое лето реагираат на оваа грда слика на стовариште на самата улица. Маркетот не го поправа своето поведение а комуналните инспектори по се изгледа не планираат истото да го санкционираат.
Нема најави за штрајк во охридските основни и средни училишта
Синдикатите од ниту едно школо не донесле одлука за штрајкување на 2 септември според најавите од СОНК. Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски, пак кажа дека в недела официјално ќе се произнесат дали в понеделник ќе има предупредувачки штрајк.
Во понеделник започнува Втората меѓународна уметничка колонија – „Трпејца 2019“
Под покровителство на Општина Охрид а во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ од 2 до 6 септември во Трпејца ќе се одвива второто издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2019“.
Од први септември пониски цени на паркинзите во Охрид
После големиот број реакции на социјалните мрежи за висината на цената за користење на паркинг просторот во Охрид со кој стопанисува ЈП „Билјанини извори“ од јавното претпријатие со известување до јавноста дека од 1 септември 2019 година (недела) согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за давање согласност на одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг просторот број 08-8433/27 од 10.06.2019 година, цените за користење на паркинг просторот со кој стопанисува претпријатието за 3-те степени на ограничување (3 зони на паркирање) ќе се намалат за 10 денари за секој час паркирање.
Слаб одзив за вакцинацијата против ХПВ вирусот во Охрид
Штетата која веќе една деценија ја нанесе негативна кампања против ХПВ вакцината, заснована на паушални и нецелосни информации е поправлива, сметаат од центарот за јавно здравје. Потребно е време за едукација на младите мајки во бенефитите кои ги носи оваа вакцина.
Сколиозата е на врвот меѓу заболувањата на рбетниот систем кај основците
Во последните пет години во охридско варира процентот на заболувања на деформитети на рбетниот столб кај учениците. Сколиозата е на врвот меѓу заболувањата на рбетниот систем кај основците, додека кифозите и лордозите се дијагностицирани во најголем процент кај средношколци и студенти. Женските деца се најпогодени од деформитетите на рбетниот систем.