Skip to main content
Авг 26, 2019

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 27. Август 2019 година (вторник), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско – Охрид, со почеток во 17:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба со опело на „Пресвета Богородица“, по повод храмовиот празник „Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица“.


Окт 12, 2021

Времето денеска во Охрид променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд, а попладне со подолги сончеви периоди.


Авг 26, 2019

Амбасадорката на Соединетите американски држави, Н.Е. Кејт Мари Брнз, денес, оствари средба со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.


Авг 26, 2019

Викендов на просторот на просторот на поранешниот полигон за мали спортови во Охрид во заедничката акција на „Чист Охрид“ и Културолошката иницијатива „5 до 12“, се одржа 32та акција за собирање ѓубре.


Авг 23, 2019

Плоштадот „Крушевска република“ есенва ќе добие нов лик. Проектот за негова реконструкција е готов, треба да се завршат уште некои технички работи. Ќе има содржини кои ќе ја запазат автентичноста на просторот бидејќи тој дел припаѓа на заштитеното градско јадро.


Авг 23, 2019

„Сино белите“ утре против „Влазрими“ од Кичево ќе ги започнат натпреварите во Втората македонска фудбалска лига-запад. Нашите фудбалери имаа супер старт во Втората Македонска Фудбалска Лига, елиминирајќи Беласица на пенали во 1/16 финалето во Купот на Македонија.


Авг 23, 2019

Изградбата на објектот за затворениот градски пазар, и работата на Јавното претпријатие „Градски пазар“ тема на денешната прес конференција на ВМРо ДПМНЕ. Портпаролот Перчо Божиновски со обвинување до СДСМ и локлната власт дека не градат едно општество за сите граѓани, туку дека го урнисуваат во секоја сфера на општественото живеење.


Авг 23, 2019

Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014  и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното  соопштение: