Нов модерен продажен простор на Бако во Охрид
Компанијата која постои 19 години од кои последниве шест успешно работи во Охрид , своите препознатливи производи ќе им ги понуди на купувачите во пријатен ентериер на поголема површина. Охриѓани , според искуството на вработените во Бако се вистински љубители на апетисани, суво овошје, локум, интегрална храна, зачини а во последно време се побарани се и производите кои се тренд во здравата исхрана како чија, гоџи, киноа, зелено кафе и друго.
Потомците на три семејства од Ржаново одбележаа сто години од доаѓањето во Охрид
Преселбата започнала по Илингденското востание, со заминување на машките членови од семејствата Митрески, Паункоски и Петкоски на печалба во Америка. По доаѓањето во Охрид, во 1919 година, членовите на семејствата даваат придонес не само за личен туку и за економски просперитет на градот. Во минатиот век семејството Петкоски се градители на првото градско кино „Охридско Езеро“.
СЕ ОДРЖА „ОХРИДСКА СОФРА“ 2019
Во излетничкото место во село Скребатно, викендов се одржа традиционалната манифестација „Охридска софра“ што ја организира општина Охрид. Целта на настанот е збогатување на туристичката понуда преку промција на специјалитети од традиционалната македонска кујна со акцент на ѓомлезето.
КОНЦЕРТ НА КАМЕРЕН ОРКЕСТАР НА МММ “САША НИКОЛОВСКИ ЃУМАР”
Вечерва на програмата на фестивалот „Охридско лето“, концерт на камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија, Саша Николовски Ѓумар, под диригентската палка на Олег Кондартенко.
Охриѓанец со закана му одзел мобилен телефон на вработен во охридски локал
На 09.10.2021 година во СВР Охрид приведен е Р.Ч.(30) од Охрид, кој претходно, со заканa кон вработен во угостителски објект во Охрид му одзел мобилен телефон.
Вонредна крводарителска акција во охридската гимназија
Со цел обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид во летниот период, Црвен крст Охрид организира вонредна крводарителска акција која ќе се реализира на 30.07.2019 (вторник) во просториите на ОСУ Св.Климент Охридски-Гимназија во периодот од 10-13 ч.
Нема да се повлечат Лабуништани кои протестираат против каменоломите
На концесионерите им порачаа да не применуваат заплашување туку да се повлечат. Чекаат посета од ресорните министри и инспектори за да им кажат дали е во ред да се дава дозвола на 7 каменоломи во близина на само 50тина метри од изворите од каде селото се снабдува со вода за пиење.
ОПШТИНА ОХРИД ПРИСТАПИ КОН АДАПТАЦИЈА НА ТРОТОАРИТЕ ЗА ПОЛЕСЕН ПРИСТАП НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДИТЕТ
Општина Охрид во соработка со Јавното претпријатие „Градски горобишта“, започна градежни активности за адаптација на тротоарите со цел да им се олесни движењето на лицата со инвалидитет.