Skip to main content
Зелен отпад
Ное 4, 2022
Јп охридски комуналец
Од ЈП „Охридски Комуналец“ информираат дека на 5-ти ноември ќе се собира зелен отпад во населбите Кошишта, Воска и Даљан.

Каде си Адаме
Ное 4, 2022
Центар за култура григор прличев
На 8-ми ноември во 19 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се прикажува филмот „Каде си Адаме?“. Влезот ќе чини 100 денари.

Порака Нова
Ное 4, 2022
Во организација на порака нова струга
Младите имаа можност да се сретнат со креатори на политики и да имаат отворена дискусија на теми кои се важни за нив, со фокус на младинско вработување, младинско учество во демократските процеси и кои можности им се достапни.

Ное 3, 2022
Здравство
Направи увид на затворање на грантот за набавка на подвижен рендген апарат за кој донираа над 60.000 евра. Само за неколку месеци се извршени 50 интервентни снимки за прецизно дијагностицирање за време на операции.

Јапонска донација
Ное 3, 2022
Грант за набавка на комунално возило
Охридското Езеро и регионот се наше светско природно и културно наследство, но за жал се загрозени и меѓународната заедница треба да помогне да го задржи овој статус, порача од Охрид, амабасадорот на Јапонија во земјава, Хиронори Савада. Тој денеска со Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков потпиша договор за грант за набавака на комунално возило со кое навремено ќе се санираат дефекти на канализационата мрежа што ќе значи поголема заштита на езерото од отпадни води и побезбедна животна средина за граѓаните.

Томе Љушев
Ное 3, 2022
Филм
Уникатниот документарен филмски наратив на охриѓанецот Томе Љушев – Шпанец, му донесе грст пизнанија на неодмана одржаните фестивали.

Плажа Лабино
Ное 3, 2022
Свр охрид со детали за несреќата
68-годишен охриѓанец се здобил со телесни повреди откако паднал од карпите кај плажата „Лабино“ на брегот на Охридското езеро.

Интернационален камп
Ное 3, 2022
Порака нова
Во Охрид ќе се одржи mPreneur школа, интерконтинентален камп за млади претприемачи кои развиваат мобилни апликации со социјален импакт, под наслов „TC Social mPreneur School.