Skip to main content
Кампања за прва помош
Ное 3, 2022
Црвен крст охрид
Пет викенди првата помош беше промовирана како еден од најзначајните сегменти на работа на движењето на Црвениот крст, но и како сет од знаења и вештини кој што секој граѓанин треба морално да го поседува.

Стојоски на средба со Пецаков
Ное 3, 2022
Општина охрид
Атлетичарот Јован Стојоски на средба со градоначалникот Кирил Пецаков. Поддршката што му ја дава Локалната самоуправа ќе продолжи и во иднина, сѐ со цел постигнување уште поголеми резултати, вели Пецаков.

Младински центар
Ное 2, 2022
Резултати од анкета спроведена од твм
Младите од регионов единствено знаат што е или слушнале за Младински центар. Иако формално правно процесот на имплементација на Законот за младинско учество и младински политики е започнат, Анкетата на ТВМ покажа дека младите делумно или воопшто не се запознати со телата кои се формираат и можностите кои им се нудат за нивно учество во креирањето проекти, политики и носењето одлуки кои се однесуваат на нивната положба во општеството. Повеќе од половина од младите кои одговориле на Анкетата на ТВМ, во наредните 5 до 10 години не се гледаат себе си во својот роден град.

пирустија
Ное 2, 2022
Традиција
Имаме богато поднебје и гастрономија. Во школите да се издигне на повисоко ниво едукацијата за земјоделството и сточарството, споделува Наташа Неданоска, професор по Македонски јазик и домаќинка во „Пирустија“, од селското домаќинство во с. Рамне.

Шведски Универзитет
Ное 2, 2022
Средба со градоначалникот пецаков
Шведскиот универзитет Лунд е реномиран европски универзитет кој е основан во 1666 година и постојано е рангиран меѓу најдобрите 100 универзитети во Светот.

Да болит
Ное 2, 2022
Центар за култура григор прличев
Влезот чини 250 денари, а картите може да се најдат на касата при Центарот за култура „Григор Прличев“, или на 075 283 066 / 046 261 063.

Фудбалско игралиште
Ное 2, 2022
Јп билјанини извори
Ставањето во функција на северното фудбалско игралиште претставува чекор напред кон комплетно уредување на тој простор со кој стопанисува јавното претпријатие.

Живка Ангелоска
Ное 2, 2022
Совет на општина охрид
Живка Ангелоска е најактивен советник од говорницата во Советот на Општина Охрид. Ова го покажува Извештајот кој го изготви Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија” од Охрид. Здружението спроведува истражување за првата година од функционирањето на Советот преку преку проектот „Мојот советник под лупа“.