Три дена Beach film festival по втор пат во Охрид
На плажата Оревче и на бродот Галеб ќе бидат пaралелно прикажувани 7 долгометражни и 20 краткометражни филмови. Повеќето филмови ќе бидат за прв пат проектирани во земјава. Филмскиот фестивал ќе биде пропратен и со работилници за филмска критика, панел дискусии и концерти.
АХВ со вонредни инспекциски контроли врз операторите со храна во туристичките места
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 5 до 11 јули спроведоа вонредни инспекциски контроли кај операторите со храна во туристичките центри Дојран, Охрид и во Струга.
Голем број охридски занаетчии работат без занаетчиски дозволи
Со поседување на дозволите ќе се става крај на нелојалната конкуренција и сивата економија. Крајниот истекува на први ноември. Од комората велат се чека последниот момент иако имаа две години за да ја обезбедат.
ОТВОРЕНА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА НА МАЈКЛ КЛОС
Градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, во Куќата на Уранија – МАНУ, ја отвори изложбата на Мајкл Клос, канадски и светски уметник со македонско потекло.
Вечер на ЕУ и изведба на балетската претстава „Либертанго“ на програмата на „Охридско лето“
Вечерва со почеток во 20 часот во црквата „Света Софија“ ќе се одржи концерт на финскиот пијанист Оли Мустонен. Музичко-сценската програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со балетската претстава „Либертанго“ што ќе ја изведе Националната опера и балет на Република Северна Македонија на сцената Долни Сарај.
КОСТАЛ најави нови вработувања во Охрид
Германската компанија за производство на компоненти за автомобилската индустрија „Костал“ во Охрид наредните пет години ќе вработи уште 750 лица, односно до крајот на 2025 година ќе достигне вкупно 1 150 вработени, со што ќе биде меѓу трите најголеми производствени капацитети на групацијата во Европа.
Грданоски: За 3-4 дена ќе биде санирана состојбата со депонијата Буково
Пожарот на депонијата Буково е изгаснат. Но поради тлеењето на огромната количина комунален отпад се издига чад кој претставува најголем проблем за жителите на селото Крушје. Екипите на Охридски Комуналец работат без престан на покривање на депонијата со земја на деловите од каде што излегува чад.
Божиновски : Урбанистички план за нова населба наменета за млади брачни парови
Урбанистичко уредување на Охрид беше тема на денешното обраќање од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“. Се обврзуваат да спроведат урбанистички проекти според законските прописи и признаени посебности од Унеско. Најавуваат унапредување и на туристичкиот развој на градот.