Во сред сезона охридските плажи нерегулирани
Во сред сезона охридските плажи нерегулирани. Постапката за издавање под концесија на петте најатрактивни плажи на крајбрежјето и една година по наддавањето, без епилог. Од општината летово очигледно на сето ова ќе прогледа низ прсти. Ништо ни од најавата на Министерството за транспорт и врски дека државата ќе си ги врати ингеренциите врз плажите на охридско-струшкото крајбрежје.
Во препораките на Унеско се нотирани и препораки за постапки за реката Сатеска и депонијата Буково
За враќање на старото корито на Сатеска и изработен проект за финасирање од УНДП. Според градоначалникот најтешко решлив проблем од сите препораки на Унеско е депонијата на Буково.
Со полн капацитет работи градскиот отворен базен
Голем интерес има за користење на капацитетите на двата базени од школите за пливање, но и од рекреативците. Од ЈП Билјанини извори информираат дека базените редовно се одржуваат и водата подлежи на контрола.
Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик
Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела држава, од минатата недела до крајот на летото во пет смени ќе престојуваат на летен одмор во Струга. Одморот се реализира со поддшка од Министерството за труд и социјална политика и Црвен крст, а сместувањето е во одморалиштето „Мајски цвет“.
Унеско бара од Локалната самоуправа евалуација на влијанието врз животната средина на бесправно изградените објекти во заштитениот појас
Георгиески дециден, секој објект за кој има решение за отстранување ќе биде рушен, отстапки нема да има за никого. Кога ќе се руши, не открива. Очекува помош од државата и уверен е дека ќе ја добие.
„Подиум на млади“ предвесник на 59-тото „Охридско лето“
Како предвесник на фестивалот „Охридско лето“ од 9-ти до 11 јули во црквата „Света Софија“ ќе се одржи Подиумот на млади чиј идеен творец и организатор е Музичката младина на Македонија.
Ректорот Коруновски на средба со француски и ирски професори гости на ФТУ
Од 4 до 9 октомври 2021 Факултетот за туризам и угостителство – Охрид е домаќин на група професори од колеџот Жесе де Форе од Авен сур Елп Република Франција и Голвеј-Мајо, Tехнолошки институт од Република Ирска.
1,2 милион и патници на аеродромите во Скопје и Охрид во првата половина од 2019 година
Преку Меѓународниот Аеродром Скопје и А еродром от Свети Апостол Павле Охрид во првите шест месеци од 2019 година патувале 1,2 милиони (1.163.667) патници, што претставува пораст од 12% во споредба со истиот период од 2018 година, соопшти ТАВ Македонија , аеродромскиот оператор.