Skip to main content
Пожарникари вежба
Ное 30, 2022
Аеродром свети апостол павле
Целта на вежбата, како што информира командирот на ТППЕ Охрид, Борко Јанкулоски, било временското пристигнување на итните служби во случај на воздухопловна катастрофа.

Театар Провокација
Ное 30, 2022
Центар за култура григор прличев
„Пациенти“ е претстава за односите во бракот, за тоа како изгледа заедничкото живеење на партнерите кои го негуваат егото наместо љубовта, во кое е присутна војната наместо спокојот.

Охрид панорама
Ное 30, 2022
Урбанистички планови изготвени пред 10 години
Охрид е рекордер меѓу општините во државава по број на предмети од урбанистичката сфера од кои дел се во процедура и по 15 години. Секторот за урбанизам при општина Охрид планира да ги бришe старите предмети за кои е најдобро да се отпочнат по новиот закон за урбанистичко планирање. Урбанистичките планови мора да се преработуваат и усогласат со Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион доколку сакаме да го зачувавме статусот на УНЕСКО.

Табела локални
Ное 29, 2022
Анкета твм
Од какви и кои медиуми се информираат граѓаните од општините во регионов? Какви се навиките за следење содржини во онлајн светот на брзи информации, на социјални медиуми и интернет. Најголем дел од граѓаните информациите ги добиваат од интернет, а помалку од телевизии и радија. Но довербата во медиумите е другата страна на медалот. ТВМ на оваа тема спроведе анкета преку алатката за Engaged Citizens Reporting.

Охрид
Ное 29, 2022
Туризам
Грчките туристи се враќаат на ривиерата за Божиќните празници, а ги нема Бугарските гости. Србите најзинтересирани за дочек на Нова година.

Свети климент охридски
Ное 29, 2022
Свети климент охридски
На 8 декември се чествува споменот за Св. Климент Охридски, најдаровитиот ученик на рамноапостолните сесловенски браќа Кирил и Методиј.

Улица Даме Груев
Ное 29, 2022
Градежни активности
Старата и нефункционална фекална канализација се замени со нова, која се стави во функција за жителите од овој дел од градот.

Фејсбук
Ное 29, 2022
Кривична пријава
Кривична пријава за жител на Велес кој на пост објавен на Фејсбук, постирал коментар со што промовирал и поттикнувал омраза.