Skip to main content
Јун 24, 2019

Викендов во Охрид започна јубилејната десетта Меѓународна научна конференција посветена на безбедноста, која се одржува во организација на Факултетот за безбедност од Скопје во партнерство со Фондацијатa „Ханс Зајдел” и Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување.


Јун 24, 2019

Викендов во Струга се одржаа 24-те Регионални спортски пензионерски натпревари од ју-гозападниот регион.На натпреварите учествуваа окоу 300 пензионери од ЗП Кичево,Охрид,Струга ,Дебар, Македонски Брод, Вевчани и Лабиништа,кои се натпреваруваа во 11 спортски дисциплини, во екипна и поединечна конкуренција.


Јун 24, 2019

Со  целовечерен концерт по повод  Денот на  државноста на Република Словенија , викендов на сцената на Долни Сарај  започна годинешното издание на фестивалот „Словенија во Охрид“.


Јун 24, 2019

Со цел обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид во летниот период, Црвен крст Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира на 26-ти јуни, среда, во просториите на ОСУ Св.Климент Охридски-Гимназија. Акцијата ќе се реализира во периодот од 9-13 часот.


Јун 21, 2019

Ohrid Lake sailing Cup кој на голема врата го врати сјајот на едрењето на Охридско езеро, одложен. Организаторите велат дека  пристаништето е целосно блокирано од бродовите и едриличарите се оневозможени да го користат истото. Бараат надлежните да воведат ред на градското пристаниште и да се овозможи одржување на купот во едрење за кој има голем интерес од клубови од земјава и од странство.


Јун 21, 2019

19 години Охрид, Струга и Поградец наизменично организираат прослава на овој датум. Годинава во фокусот e прашањето, колку навистина имаме причина за славење кога следниов месец  во Баку, на сесијата на Комитетот за светско наследство ќе се одлучува за статусот на Охридскиот регион, со предлог да се стави на листа на загрозено природно и културно наследство.


Јун 21, 2019

Изминатава работна седмица екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец“ беа максимално ангажирани во подигнување на степенот на јавна чистота и јавно зеленило во градот и приградските населби.


Окт 7, 2021

Врз основа на член 12 став 1 и член 16 став 1 од Изборниот законик („Службен весник на  Република Македонија“ број 40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 44/11, 51/11,  142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18,  99/18, 140/18, 208/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 98/19,  42/20, 74/21 и 215/21 ), претседателот на Собранието на Република Северна Македонија на ден  6 август 2021 година, донесе Решение за распишување на избори за членови на советите на  општините  и  советот  на  градот  Скопје  и  за  градоначалници  на  општините  и  за  градоначалник на градот Скопје, со кое се определува денот од кога почнуваат да течат  роковите за извршување на изборните дејствија и денот на одржување на изборите кој е  утврден за ден 17 октомври 2021 година.