„Гладијаторите“ во сабота го пречекуваат Еурофарм Пелистер
Во рамки на шестото коло од Супер лигата „Гладијаторите“ на домашен терен го пречекуваат битолски Еурофарм Пелистер.
Започна првото пријавување за запишување ученици во прва година
Започна првото пријавување за запишување ученици во прва година во учебната 2019/2020 година во јунскиот уписен рок. Новите средношколци кои веќе одлучиле каде ќе го продолжат своето образование се упатија кон некое од четирите средношколски центри во градов за да ги достават своите пријави. Стручните училишта полека, ама сигурно стануваат повторно атрактивни.
Во Охрид започна со работа медицинскиот симулациски центар
Од денес во просториите на Специјалната болница за превенција,лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид , после претходно склучен Меморандум за соработка започна со работа Медицинскиот симулациски центар.
Новиот болнички блок во „Св. Еразмо“ ќе биде завршен до септември
После затекнатиот прекин на работите, министерот рече дека работите продолжуваат со засилен интензитет, а рокот за завршување на работите е крајот на летото, месец септември. Наскоро треба да започне постапката и за на болницата „Св. Еразмо“.
Стартува мерката организиран одмор на работници со ниски приходи
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција го најави стартот на мерката – организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 22.000 денари, која е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2019 година, објавена во „Службен весник“ од 23 јануари годинава.
Нападната девојка во центарот на Охрид
На 16.06.2019 година во 02 часот и 45 минути во полициската станица во Охрид, 25-годишна девоjка од Скопjе приjавила дека на улица „Ванчо Николески“ во Охрид била физички нападната и допирана по телото од непознато лице.
Превентивата е најдобра заштита од појава на пожари
Од ЈУНП „Галичица“ информираат дека на сила стапува забраната за палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор.
Водици неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
Водици е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.