Skip to main content
Јун 7, 2019

Деновиве во градскиот парк, зелените острови кај кружните текови и зелените делови покрај пешачките патеки до Горица и покрај каналот Студенчишта, се засадува летната цветна реколта.


Јун 6, 2019

Копјата повторно се кршеа меѓу стручната фела, екологистите и сопствениците на пловни објекти. Капетанот на Капетанија на Пристаништата на РМ даде конструктивно решение, марината да се изгради на потегот на Центарот за обука на вода и Комуналец каде што со најстроги стандарди ќе биде заштитено Езерото и ќе се ревитализира  и Студенчишко блато.


Окт 6, 2021

Нов атрактивен комплекс „Градски парк Касарна“ уреден како зелено подрачје со спортска зона со соодветна инфраструктура, најави на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески. Ново зелено подрачје, пешачки патеки, адреналински парк, памп патека за велосипеди, ролери и скејтери, уредување на современ голф терен, како и нова трим патека, наброја Георгиески како дел од содржините планирани за просторот од поранешната касарна.


Јун 6, 2019

Меѓународниот фестивал „Вдиши театар“ по 6ти пат ќе ги обедини младите од регионов кои преку претстави ќе испратат силна порака заснована на хуманост, морал и високи етички вредности. Фестивалот на 12ти јуни ќе биде отворен со претставата Домино на  театарската група при Црвен крст Охрид. Учество ќе земат групи од организации на Црвен Крст од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.


Јун 6, 2019

Со три конференции, насочени кон размена на искуства и знаење за подобрување на квалитет на живот на семејствата кои се соочуваат со ретки болести, Здружението „Живот со предизвици“ викендов ќе одбележи 10 години од постоењето и делувањето на полето на застапување за правата на пациентите со ретки болести.


Јун 5, 2019

Професорката  по одделенска настава со својата креативност и посветеност е добитник на голем број меѓународни и државни награди за проекти, стручни трудови, едукативни филмови. Насмеаните детски лица на нејзините ученици се мотив постојано да трага по креативни решенија во наставата и да го подига степенот на квалитет во образованието.


Јун 5, 2019

Климатските промени се тука и се појава влијае на нашето здравје, нашата храна и безбедноста на нашите домови. Потребно е итно глобално дејствување со локален придонес од секоја држава со воведување мерки за намалување на емисијата на штетни гасови што е еден од најголемите причинители за овој планетарен метео феномен. Во нашата земја повеќе од 70% од емисите на јаглероден диоксид доаѓаат од енергетскиот сектор.


Јун 5, 2019

На ден 10.06.2019 година со почеток во 11:00 часот, во зградата на Општина Охрид ќе се одржи дваесет и осмата седница на Советот на општина Охрид.