Skip to main content
Мај 31, 2019

Општина Охрид во рамките на своите редовни активности, а согласно својата политика за примена на највисоки стандарди за заштита на животната средина, почитувајќи ја Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство и настојувајќи да ги спроведе сите препораки од Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО (април 2017 г.), на  06.06.2018 година, со почеток во 11 часот, во големата сала на Општина Охрид, организира трибина за Студенчишкото блато и потребата од регулирање на пловниот сообраќај во Охридското Езеро посебно во делот на сместување на пловните објекти во организирана марина.


Окт 6, 2021

„Физичкото образование е еден од најбитните сегменти во севкупниот образовен процес, кој има повеќекратни позитивни ефекти врз идниот развој на младите“. – истакна Наум Јамандиев, кандидат за член на Советот на Општина Охрид.


Мај 31, 2019

Струшките советници денеска, на 24 тата седница на совет  гласаа против предлог одлуката за забрана за педалинките на струшкиот брег од езерото.


Мај 30, 2019

Од опозицијата обвинуваат дека шелтерот за згрижување на кучињата не функционира. Од ЈП Комуналец  информираат дека за темелно решавање на проблемот се чека на измените на Локалната урбанистичка планска документација со која треба  да го добијат на користење  земјиштето за да го регистрираат долгоочекуваното прифатилиште за бездомни кучиња. 


Мај 30, 2019

Сергеј Костовски ученик во четврта година во ДСУ Спортска Академија – второ место на 10 Меѓународен фестивал во проза и поезија „Станислав Препрек“ и трето место на 11 Меѓународен фестивал во проза и поезија „Михаил Бабинка“.


Мај 30, 2019

Со адаптација на улицата „Македонија“ во пешачка зона, ќе се обезбеди  поинаков спој меѓу езерото, луѓето и урбаниот дел на градот.


Мај 30, 2019

Универзитетската Клиника за хематологија-Скопје ги информира граѓаните дека за време на одржување на Охрид Трчат 2 Јуни со почеток во 8.00 часот, може да се обратат на штандот на Клиниката и да се запишат во Националниот дарителски регистар на коскена срцевина. 


Мај 30, 2019

Охрид и натаму е една од општините со висок негативен прираст на население. Во наведениот период, во Охрид се родиле 129 бебиња, а починале 199 лица, од кои едно новороденче.