Јан 5, 2023
Оемуц свети наум охридски
Младите не сакаат да учат занает
Со години наназад во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ не е запишан ученик во трет степен средно образование за занимања како електромеханичар, металостругар, металоглодач. Со новите наставни програми во Центарот има интересни занимања со трет степен како сервисер за клима уреди, одржувач на мрежни системи и друго, но нема интерес кај учениците. Недостатокот од кадар од овие профили се чувствува и во градот и во државата.
Јан 5, 2023
Обичаи
Православните христијани се подготвуваат за Бадник
Православните христијани се подготвуваат за големиот празник Божик. Бадник е последниот од подготвителните денови за рождеството на Исус Христос. Светата богослужба ги подготвува верниците телесно и духовно да го прослават празникот. Во народот се задржале и се практикуваат и многу обичаи поврзани со Бадник и Божик.
Јан 5, 2023
Бадникова поворка Охрид
Бадниковата поворка одбележува јубилеј
Во текот на една деценија во поворката учествувале голем број деца кои со песната „Вечниот Бог“ го најавуваат Христовото раѓање. Заинтересираноста за учество во Бадниковата поворка постојано расте, годинава има над 600 пријавени меѓу кои има мајки со бебиња.
Јан 5, 2023
Празник
Денеска се празнува Свети Наум Чудотворец
Се слави Св. Наум Чудотворец. Голем број верници присуствуваат на празничната богослужба, која традиционално се одржува во манастирскиот комплекс Св. Наум Охридски.
Јан 5, 2023
Јп водовод охрид
Жителите на ул. Гоце Делчев повторно без вода
Прекин во водоснабдувањето на улицата Гоце Делчев. Жителите на овој потег утрово повторно останаа без вода.
Јан 4, 2023
Поранешен професор
Почина д-р Наум Целакоски
Од овој свет замина уште една охридска легенда. Почина д-р Наум Целакоски, поранешен професор во гимназијата и на ФТУ Охрид.
Јан 4, 2023
Аппт активно работи на медиумски кампањи
Медиумска промоција за зголемување на визибилноста на македонскиот туризам
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и во вториот дел од медиумската кампања, промоцијата ја насочи на електронски медиуми, односно 100% онлајн рекламирање. Анализа за посета на веб страна www.northmacedonia-timelss.com ни дава информации за успешната реализација на онлајн промотивната кампања изминатиот период.
Јан 4, 2023
Јавен повик
Финансиска поддршка за граѓанска организација која координира центар за згрижување деца со атипичен развој
Јавен повик за финансиска поддршка на граѓанска организација која координира центар кој згрижува и третира деца со атипичен развој.








