Под мотото „Од нас за нас“ свечено одбележан патрониот празник на Средно стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид
Поетски творби, музички таленти и кратка театарска имрповизација, беа само дел од програмата на која средношколците неуморно работеа под менторство на своите професори изминатиов месец. Најдобрите средношколци, наградени од менаџментот на установата.
Ќе се корнат палмите во Охрид по препорака на УНЕСКО
Една од препораките во извештајот кои ги добивме од УНЕСКО кој треба да биде разгледан на 43-та сесија на Комитетот за културно наследство што ќе се одржи наредниот месец во Баку, беше и внимателно набљудвање на автентичноста и интегритетот, на архитектонското и урбанистичката кохерентност на Охрид.
Градот ќе става ред во хаосот со паркирањето на туристичките автобуси во центарот
Туристите ќе се симнуваат и качуваат во автобус на улицата Кузман Јосифоски Питу во близина на информатичкиот факултет. На улицата кеј Македонија пак, до хотелите, ќе биде забрането движење на автобусите, а гостите ќе се носат со мали автобуси кои ќе се задржуваат на одредени места.
Општина Охрид: Во извештајот на УНЕСКО посочени се и позитивните активности на кои локалната самоуправа и владините институции работеа
„Забелешките што се наведени во Извештајот на УНЕСКО, кој треба да биде разгледан на 43-та сесија на Комитетот за културно наследство што ќе се одржи наредниот месец во Баку, ја покажуваат фактичката состојба на Охридскиот регион. Оваа состојба беше детектирана уште во мониторинг мисијата на УНЕСКО која беше направена во април 2017 година“.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ ГИ ПРИМИ НАГРАДЕНИТЕ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР „БАЛКАН ЈУНИОР 2019“
Градоначалникот Константин Георгиески, денеска ги прими и им честиташе на учениците Надица Кузманоска и Александар Лазароски од ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ , кои под менторство на професорите Владо Јанкулоски и Љупчо Балески, го освоија третото место на Меѓународниот натпревар „Балкан јуниор – Охрид 2019“.
Џорџо Дијана, италијанскиот врвен кулинар ги изнесе забелешките за охридското угостителство
Имате квалитетни продукти кои ги нема во ресторанските кујни, а немате ни едуцирани готвачи кои ќе готват со страст. Тоа е како да имате ламборџини со мотор од фијат, искрен во сугестиите Дијана, шеф со Мишелин ѕвезда. Тој вели дека треба час поскоро да се менуваат за да се понудат мениа со спој на традиционалното и иднината.
Ќе се спроведе вонредна програма за пошумување на опожарените површини
Владата на Македонија на 109-та редовна седница ја разгледа и усвои информацијата за состојбата со шумските пожари на територијата на цела држава, со пресек од 2019 до 15.08.2021 година.
Во сабота премиера на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија”
Овој филм беше единствен наш претставник во официјалната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал, учествуваше и на други фестивали, а освои и неколку награди. Доби две престижни награди на Ecumenical Award и Guild Film Prize.