„Од Срце За Мила“
На 3ти јуни, понеделник, со почеток во 21 часот, на плажата „Куба Либре“, ќе се одржи голем хуманитарен концерт за поддршка на малата Мила Димоска од Охрид. На концертот ќе настапуваат: Ѓоко Танески, Дамјан Пејчиновски, Петар Марковски, Јован Куцин и „The Backdoor Band“.
Извонреден успех охридскиот тенисер Стојан Стојаноски
Охридскиот тенисер Стојан Стојаноски имаше одлична прва сезона во САД, по освојувањето на Државното првенство за мажи во Македонија
Ванеса Меј ќе го отвори годинешното издание на „Охридско лето“
Светски познатата виолинистка Ванеса Меј, во придружба на македонската филхармонија и вокалните солисти од Македонската Опера и Балет, а под диригентската палка на Иван Кожухаров, ќе го отвори годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“. Што се однесува до театарската понуда, ова издание на фестивалот ќе биде посветено на творештвото на македонскиот текстописец, сценарист и режисер Горан Стефановски.
Успешно спороведена теренската активност за вакцинација на училишни деца против морбили
Многу мал е бројот на родителите кои одбиваат вакцинација на децат .Од вакциналната служба сега имаат целосен увид за состојбите со вакцинациите проив морбили за децата од 1 до 9- то одделение.
Во чест на Меѓународниот ден на пчелата се одржа словенечко-македонски појадок
Настанот се одржа во ОУ „ Братство Единство“ во Лескајца каде што се зборуваше за значењето на пчелата. Беа упатени пораки да се негуваат човечките вредности и да се почитува природата.
Водата од „Билјанини извори“ неисправна за пиење
Денешните (16.05.2019) наоди од физичко-хемиска и микробиолошка анализа на водата од изворот-Билјанини извори, спроведени од Центарот за јавно здравје од Охрид, покажуваат дека водата од изворите содржи патогени бактерии и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата е микробиолошки неисправна и не е здравствено безбедна за пиење.
Отворена канцеларијата на пратеничката Жаклина Лазареска
Од денес во старата зграда на охридскиот пазар е отворена канцеларијата за комуникација со граѓаните на пратеничката Жаклина Лазареска.
Божиновски: Гарантираме изградба на ново основно училиште, се обврзуваме на изградба на спортска сала во Лескоец
Честитка до просветните работници по повод меѓународниот ден на учителот, но и критика до власта за состојбите во образованието, на денешната прес конференција упати кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија, Перчо Божиновски. Тој од програмата “Гарантираме“ најави инвестиции во образованието.