Вредна донација на охридските ротаријанци за ОУ „Христо Узунов“
Ротари Клубот од Охрид, денеска донираше компјутерска опрема на Основното училиште „Христо Узунов“ во Охрид, наменета за децата со посебни образовни потреби кои се во редовна настава во училиштето.
Охридските овоштари ги фрлаат скапаните јаболка кои не успеаа да ги продадат
Дел од есенскиот род на јаболката од охридските регион заврши на нивите и покрај речните корита. И додека едни овоштари се лутат на државата, реалните повикуваат на менување на навиките и спасот го гледаат во здружување и едукација на овоштарите.
Зелено Охридско езеро
Љубителите на едриличарството го протежираат концептот Зелено Охридско езеро. Со него ќе се заштити езерото од загадување од штетните горива кои ги користат останатите пловни објекти, а и ќе се стимулираат младите да се занимаваат со овој спорт.
Михајловски : Нашата цел е да ги мотивираме младите да останат во Охрид
„Нашата цел е да ги мотивираме младите да останат во Охрид и да го градат своето семејство и својата професионална кариера тука.“ – порача Бојан Михајловски кандидат за советник од СДСМ и коалицијата. Тој на денешната прес конференција се осврна на проекти за подобрување на условите за вработување и социјалниот живот на младите.
Деновиве во Охрид целосно ќе биде ставен во функција новиот Центар за спасување на планина
Авантуристичкиот туризам освен природните можности прилагодени на барањата на современиот туризам треба да гарантира и безбедност.Тоа значи опрема за брза и безбедна акција и спасување во случај на потреба, како и координација на самите служби.
Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле” во најдобрите три во Европа
Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле” во најдобрите три европски аеродроми со најголем раст во првиот квартал од годинава. Споредено со просечниот пораст на патничкиот сообраќај на европските аеродроми од 4,4 отсто, порастот на аеродромот во Охрид е поголем за 60 проценти.
Дрворедот на „Македонски Просветители“ е во лоша состојба
Дрворедот на „Македонски Просветители“ е во лоша состојба. Ова било утврдено од стручни лица од локалната а по немилиот настан кога дрво падна врз автомобили. Голоем дел од дрвата на оваа улица во иднина ќе треба да се отстранат. Од Локалната велат дека се свесни за реакциите од граѓаните за секое сечење на дрво но додаваат дека при пристапување кон таа мерка се води строга контрола.
Врнежите ќе ја подобрат хидролошката состојба на езерото и реките во охридскиот слив
Наредните четири дена во нашата земја се очекуваат интензивни врнежи од дожд. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека не се очекува врнежите да предизвикаат поплави и излевања на реки и водотец, но сепак добро е состојбата будно да се следи. Екипите од Општина Охрид денес беа на терен.