Минарето на Али Пашината џамија продолжува да се гради, а Михаил Трендафилов Нанче , претседателот на ЗГ „Совест“ поднесе оставка од функцијата
На прес конференција обвини дека политиката замешала прсти и не се почитува правната држава. Бараат итна одлука од која ќе зависат нивните понатамошни активности .
Охридските гимназијалци повторно настапуваат на Драмскиот Аматерски Фестивал во Кочани
Под раководство на професорката Ирена Бачиќ, талентираните млади актери од Охрид, на овој фестивал кој и годинава има меѓународен карактер, ќе се претстават со претставата „Совршени странци“, работена по сценариото на Филипо Болоња за истоимениот филм.
Утре во Охрид традиционална Општинска сообраќајно-воспитна манифестација “Детски семафор”
Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, согласно програмата за работа, во соработка со Локалната самоуправа, Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, заедно со учениците од основните училишта во Охрид ќе ја реализира традиционалната Општинска сообраќајно-воспитна манифестација “Детски семафор”.
Денот на Европа го одбележаа и учениците во ОУ „Григор Прличев“
На интересен и креативен начин децата од одделенска настава во училишниот двор учеа за симболите и значењето на Европската унија.
Протест против изградба на петкатница на Туристичка
Жители на населбата Билјанини Извори повторно протестираа против изградбата на зграда на Бул Туристичка. Изградбата на 5катница ќе значи уништување на единственото зеленило во станбениот комплекс реагираат тие. Денес побараа од градоначалникот на Охрид да ја стопира градбата. За овој случај се чека одлука од Вишиот Управен суд како последна инстанца по однос на тужбата и барњето за поништување на одобрението за градба на оваа зграда, Во моментов инвеститерот работи на терен врз основа на одобрение за подготвителни работи.
ОУ „Дебрца“ домаќин на проектот „Play2adapt“ од „Еразмус +“ програмата
Просветни работници од Грција, Турција, Шпанија и Португалија, учесници во проектот play2adapt од Еразмус + програмата, учестваат на втората мобилност, чиј домаќин е основното училиште Дебрца.
ДОДЕЛЕНИ ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ НА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА
По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, градоначалникот Кирил Пецаков и претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев, доделија хуманитарни пакети на социјално ранливи семејства.
ОИК МУ ГО ВРАЧИ УВЕРЕНИЕТО НА НОВОИЗБРАНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ
Константин Георгиески, од денес и официјално ќе раководи со општина Охрид во текот на наредните две и пол години.