Skip to main content
Нискоградба Касарна
Дек 22, 2022
Седница на совет
Административците од Јавното претпријатие Нискоградба Охрид ќе бидат префрлени и ќе работат во комплексот Касарна. Градскиот совет денеска ја изгласа одлуката за времено отстапување на простории на претпријатието во единствената функционална зграда во Касарна и покрај реакциите и ставот на младинските организации дека ваквата одлука ќе го наруши концептот и визијата за комплексот.

Црвен крст Охрид
Дек 22, 2022
Дисеминациска сесија
Дисеминациската сесија ја одржаа Весна Терзиоска, потпретседател на Црвен крст Охрид и Љупчо Милкоски, долгогодишен волонтер на Црвен крст Охрид.

Електронска сметка
Дек 22, 2022
Сметки по електронски пат
Со активирање на оваа услуга ќе ги добивате Вашите месечни сметки и фактури брзо и навремено, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Седница
Дек 22, 2022
Седница на совет
Буџетот на Општина Охрид за 2023 година тежок околу 640 милиони денари или 10,5 милиони евра. За позицијата во градскиот совет тој е развоен и реален, а според опозицијата има намалување во однос на нацрт верзијата. Граѓаните и во 2023 не можат да очекуваат реализација на поголемите ветени проекти.

Дек 22, 2022
Локална манифестација
Да се зачува традицијата која не е величење на пепелта туку одржување на огнот, е пораката од „Купувај локално“.Настанот е во рамки на проектот на Локалната самоуправа, а го организираше Студентското собрание при ФТУ. Манифестацијата која се одржа во факултетот наиде на голем одѕив кај локалните производители кои се борат да ги зачуваат традиционалните производи но и кај граѓаните.

Хуманитарна акција на охридските гимназијалци
Дек 22, 2022
Слатка среќа
Собирната акција трае до 26-ти декември, а кутиите за донации се поставени на влезот од охридската гимназија.

Гимназија Охрид
Дек 22, 2022
International youth math challenge
Одлични резултати на учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ на меѓународниот натпревар по математика „International Youth Math Challenge“.

Охрид
Дек 22, 2022
Свр охрид
Охриѓанец доби кривична пријава поради тоа што неовластено, на плажа на брегот на Охридското езеро поставил лежалки и чадори за сонце.