Охрид СОС: Испорака на нови барања и забелешки од Унеско од јунскиот состанок
Палењето на трската и урбанизацијата посебно во струшкиот дел на крајбрежјето е притисок Охрид и Езерото да го загубат статусот на заштитено културно и природно наследство. Целта е да се напушти сегашниот комплициран Закон за градба, смета Трајче Талески од здружението на граѓани СОС.
„Охридско лето“ приредува велигденски концерт со ансамблот „Ноктурно“
Во рамките на дополнителната програма на Охридско лето а по повод големиот христијански празник Велигден на 23-ти април во катедралната црква Св. Софија ансамблот „Ноктурно“ од Србија ќе одржи концерт на духовна музика.
ЧИСТЕЊЕ НА ПУМПНАТА СТАНИЦА „КАНЕО“
Одделението за одржување на канализациона и атмосферска мрежа на ЈП „ Нискоградба“ , изврши чистење на пумпната станица „ Канео“ како и канализациона мрежа и ревизионите шахти.
Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ изложба на дела од роднокрајни автори родени во април
Во пресрет на 23 Април – Светскиот ден на книгата и во рамките на редовните месечни активности од денеска до среда 24 април во Прличевата одаја на библиотеката ќе биде отворена изложбата на книги РОДНОКРАЈНИ АВТОРИ – РОДЕНИ ВО АПРИЛ.
РЕНОВИРАН УЧЕНИЧКИОТ ДОМ ВО СКЛОП НА ОУТУ „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ
Во ученичкиот дом кој работи во склоп на „ОУТУ „Ванчо Питошески“ , беа реализирани низа активности за реновирање и доопремување.
Проекти за полесна пристапност до општинската зграда за лицата со попреченост дел од програмата на Георгиески
Имплементирање на проекти за здравствени и социјални услуги за стари лица, дел од изборната програма на Константин Георгиески кандидат за градоначалник од СДСМ.
Од денес ограничени маржи на основните прехранбени производи
Стапи на сила одлуката за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало, што минатиот вторник ја донесе Владата на предлог на Министерството за економија, а престанува да важи претходната одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи.
„Биро Веритас“ ја контролира состојбата на охридските бродови
Инспектори од Меѓународната групација „Биро Веритас“ ги контролираат бродовите кои вршат линиски превоз во водите на Охридското езеро. Целта е пред почетокот на главната туристичка сезона да се утврди безбедноста на бродовите кои превезуваат туристи. Воедно и охридските инспектори вршат редовни и вонредни контроли на помалите бродови, чамци и катамарани.