Skip to main content
Бреинобреин програма
Сеп 15, 2022
Есенски циклус
Подетални информации на отворениот ден за Бреинобреин програмата во сабота од 10 – 12 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.

Црвен крст
Сеп 14, 2022
Донации во образование
Педесет првачиња од основните училишта во Охрид опремени со ранци и училишни комплети во рамки на донацијата Даруваме радост за првачиња, организирана од Црвен Крст Охрид, годинава поддржана од компанијата ПН Метал.

Автопат Охрид-Кичево
Сеп 14, 2022
Југозападен регион
Доцни изградбата на патиштата во Југозападниот регион во земјава. Не e ставен во функција делот од автопатот Кичево-Охрид кај село Требеништа, кој беше најавен за август годинава. Од министерството за транспорт, велат ги завршиле сите потребни постапки, но изведувачот доцни. Иста е состојбата и на патниот правец од Извор до Дебар. Оваа делница требаше да биде завршена во 2015 година, но градежните работи и таму доцнат.

Седница на Совет
Сеп 14, 2022
На денешната седница помина годишниот план за вработување на ЈП „Билјанини извори“ за 2023 година. Планот предвидува 14 работни места на што реагираше координаторката на опозицијата, плановите за вработувања во јавните претпријатија во услови на криза да бидат поскромни. Директорот на јавното претпријатие со објаснување дека не станува збор за нови вработувања.

Седница 16
Сеп 14, 2022
Седница на советот на општина охрид
Инвеститори кои сакаат да вложуваат во изградба на фотоволтаични електрани во охридско, се откажуваат од намерата поради ограничување од Планот за управување со природното и културното наследство на охридскиот регион. Денеска советниците изгласаа одлука со која од планот се изземаат парцели вон опфат на урбанистички план на кои би се поставувале фотоволтаични системи. Со тоа Општина Охрид ќе фати чекор со остатокот на државава каде по 2019 година со измените на законот за енергетика се изградија стотици фотоволтаични електрани.

забрането паркирање
Сеп 14, 2022
Времен сообраќаен режим
Продолжувааат градежните активности на булеварот „Македонски Просветители“. На потегот ќе важи времен режим на сообраќај.

Мастер клас
Сеп 14, 2022
Уинт свети апостол павле охрид
Мастер Клас со Иан Рошлин и Боби Мојсовски во сабота, 12 часот во Универзитет за информатичка наука и технологија „Св. Апостол Павле” Охрид.

Форум на градоначалници
Сеп 14, 2022
Општина охрид
Општина Охрид со висока оценка за општинското финансиско работење. Настанот се реализира во рамки на проектот за „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите”.