Поранешна полициска службеничка пронајдена мртва во стан во Охрид
Безживотно тело на женско лице синоќа е пронајдено во стан на улицата „Сирма Војвода” во Охрид.
На две основни училишта и на општинската зграда поставени сончеви колектори
Заврши проектот за поставување фотоволтаични системи на две основни училишта и на општинската зграда. Бенефитот од нивното поставувањето на училиштата на годишно ниво ќе биде заштеда од околу 3000 евра кои ќе можат да се инвестираат во подобрувањето на условите за одржување настава и купување нагледни средства.
Пријава против охриѓанец кој без соодветно одобрение е затекнат во угостителски објект
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишен охриѓанец поради „непостапување според здравствените прописи за време на пандемија“.
Реконструкција на плоштадот „Крушевска Република” содржи програмата на кандидатот Константин Георгиески
Плоштадот „Крушевска Република” и неговата реконструкција, тема на денешната прес конференција на СДСМ и коалицијата.
Најмногу интегрирани еколошки дозволи издадени за живинарски фарми и бетонски баз
Со редовни контроли на овој начин се спречува загадувањето на животната околина. Дозволите подлежат на проверки на секои 7 години.
Утре ќе се одигра големото ракометно дерби помеѓу Охрид и Струга
Најавата за новото езерско дерби, помина во сенка на неодамнешната одлука на Ракометната федерација на Македонија, ниту еден од охридските ракометари, кои го освоија вицешампионското место во младинска конкуренција, да не се најде на списокот од селекторот Данило Брестовац за Меѓународниот турнир „Бугојно 2019“ во Бугарија.
Нов начин во функционирањето за општинската администрација најавува во изборната програма Митре Милошевски
Нов начин во функционирањето за општинската администрација најавува во изборната програма Митре Милошевски кандидат за градоначалник од Вмро Дпмне. Воведување на електронски систем и низа мерки за поефикасна услуга на граѓните од страна на локалната самоуправа.
„Благовештение на Пресвета Богородица“
Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека во четвртата недела од Великиот пост на 07. април 2019 година (недела), во катедралната црква „Св. Софија“ – Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Благовештение на Пресвета Богородица“.