Запален виљушкар во Велмеј
На 30.09.2021 во 19.50 часот во СВР Охрид пријавено е дека во селото Велмеј, општина Дебрца, се случил пожар во работна машина – виљушкар, сопственост на правно лице.
Жителите на населбата „Радојца Новичиќ“ ќе добијат нов уреден простор за спортување
Жителите на населбата „Радојца Новичиќ“ ќе добијат нов уреден простор за спортување. Јавното претпријатие Градски гробишта деновиве интензивно работи на уредување две спортски игралишта во склоп на некогашната касарна на АРМ, но и на едно детско игралиште на кое ќе бидат поставени интересни реквизити.
ОХРИД И БЕРАТ И ОФИЦИЈАЛНО ЌЕ СЕ БРАТИМАТ
Двата архитектонски бисери – македонскиот Охрид и албанскиот Берат, ги поврзува не само тоа што се заедно на светската листа на културни и амбиентални врености на УНЕСКО, туку и заедничкото историско минато, влезено, мегу другото, и во легендата за охридската мома Биљана, која ги молела бератските винари “кротко да ги тераат карваните за да не и го газат даровното платно”.
Обврска на станоиздавачите да ги дезеинфицираат своите капацитети
Центарот за јавно здравје од Охрид ги потсетува и повикува сите даватели на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор (станоиздавачи) во Охрид и Струга да се обратат до Одделението за Епидемиологија при Центар за јавно здравје Охрид и ПЕ во Струга со цел спроведување на задолжителната превентивна дезинфекција на просторот кој се користи за давање на угостителски услуги.
ДИРЕКТОРОТ НА АМЕРИКАНСКИОТ ЦЕНТАР ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПИТЕР РАЈТ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Во рамките на Програмата за спикери на Амбасадата на Соединетите американски држави, во работна посета на Општина Охрид, денеска беше директорот на Американскиот центар за претприемништво Питер Рајт.
Прекин на водоснабдувањето во Пештани
Од МЈП Проаква Водовод Охрид утрово не информираа дека поради интервенција на водоводната мрежа, денес, понеделник, ќе има прекин во водоснабдувањето во Пештани.
Заев во Охрид на средба со хотелиерите и занаетчиите
Владата ќе ги поддршува семејните бизниси и занетчиите. Првиот чекор е намалувањето на казните. Ова денеска го соопшти премиерот Зоран Заев при денешната посета на Охрид каде оствари средба со дуканџиите и со хотелиерите. Целта е да се врат довербата во приватниот сектор и да се унапредува туризмот.
Клубот на млади при Црвен крст Охрид во недела ќе организира забавен настан „YOUTH DAY“
Во рамки на одбележување на Неделата на млади 1-7 октомври, младите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид на 03.10.2021 г., недела, во периодот од 12 – 14:30 ч. на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ под мотото „Нашата приказна продолжува со тебе“ ќе организира забавен настан „YOUTH DAY“, на кој преку најразлични едукативни работилници и перформанси ќе се поттикнува хуманоста и креативноста кај младите.