Skip to main content
Проект еколози
Окт 18, 2022
Касарна хаб
Организацијата Уне, Груаја (Јас, жената) од Поградец, Албанија, својот проект ќе го претстави во Охрид, пред еколошки здруженија и еколози.

Очи во очи со земјотресот
Окт 18, 2022
Уметност и едукација
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во соработка со ОУ „Христо Узунов“ организира едукативен настан за приближување на поимот и феноменот земјотрес прикажан во Центарот за култура Григор Прличев, а насочен за охридско-струшките основци. Театарската претстава „Очи во очи со земјотресот“ на разигран детски начин придонесува за подобро разбирање на самата појава и мерките за заштита од неа.

Црвен крст охрид
Окт 18, 2022
Свечена церемонија
Охридската организација на Црвен Крст најдобар во Македонија. По 4-ти пат во нивни раце е пехарот како највисоко признание од Националната програма за промоција на хумани вредности. Младите волонтери од Охрид веќе 20 години се активни во оваа програма, носејќи ја униформата на Црвениот крст создаваат проекти и дела за добробит на заедницата и помош на оние на кои им е најпотребна. За нивната посветеност добија признание и честитки од Градоначалникот на Охрид и Генерален секретар на Црвен Крст на Македонија.

Прес ЗМАИ
Окт 18, 2022
Презентирани резултатите
Здружението за истражувања и анализи го презентираше Извештајот за отвореноста на општинските буџетски процеси за 2021 година.

оџак
Окт 18, 2022
ТППЕ Охрид
Пожарникарите предупредуваат да се чистат и вертикалните канали во колективните станбени згради , а не само на оџаците во индивидуалните куќи. Оваа грејна сезона многу од граѓаните се префрлија на греење со огревно дрво, а некористените оџаци се опасност од пожари.

Скопски аеродром
Окт 18, 2022
Македонските аеродроми полека закрепнуваат од Ковид пандемијата. Првите девет месеци од годината завршија со 1.8 милиони патници. Како што информираат од ТАВ Македонија, зимскиот распоред на летови 2022/2023 година на двата македонски аеродрома ќе почне на крајот од октомври и според досегашните информации од авиокомпаниите, нема да има значителни промени во бројот на дестинации.

Ариф мустафа
Окт 18, 2022
Јп нискоградба
Вредноста на проектот изнесува околу 800 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Јавна дебата
Окт 18, 2022
Општина охрид
Транспарентниот и конкурентен процес за избор на проектите придонесува за обезбедување подобри услуги и конкретни резулатати за локалното население.