Денес во Охрид ќе се одржи 20-та годишна конференција на Македонска Берза
Според најавите на организаторите, пред присутните, во хотелот „Метропол“ ќе се обрати премиерот Зоран Заев, Нора Алити, претседател на Комисијата за хартии од вредност и Иван Штериев, главен извршен директор на Македонската берза.
Охриѓани ќе атакуваат на трофејот на Младинскиот куп во ракомет
Нов спортски спектакл ги очекува љубителите на ракометот во Охрид. За прв пат нашиот град е домаќин на завршен турнир во младинска категорија во кој свој забележителен настап се очекува да има и охридскиот клуб. Натпреварите овој викенд се со посебна важност бидејќи три четвртини од играчите потекнуваат од овој регион па затоа се очекува и голема борба на трибините.
Општина Охрид: Во постапките за легализација локалната и советот се водат строго по Закон
Полувистини, невистини и несериозни тврдења. Вака ги окарактеризираа од локалната самоуправа обвинувањата од Граѓанската иницијатива Охрид СОС. Од Локалната велат дека при постапувањето со нелегално изградени објекти , советот и општината се воделе исклучиво по Закон.
ПРВ АСФАЛТЕН СЛОЈ НА УЛИЦАТА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“
Градоначалникот Константин Георгиески денеска направи увид на градежните активности за поставување на првиот асфалтен слој на коловозот на улицата „Јане Сандански“, на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улиците „Сирма Војвода“ и „Даме Груев“.
Се уредува дворното место пред амбуланта во Велмеј
Во тек се градежните работи за партерно уредување на дворното место пред амбулантата, во центарот во село Велмеј. Се уредува просторот каде секоја година се оддржува манифестацијата по повод верскиот празник Василица.
Субвенции за енергетска ефикасност и купување на печки на пелети по изборите
Расте бројот на баратели за субвенции од државата, покажува досегашното искуство. По завршување на претседателските избори и годинава граѓаните ќе имаат можност да поднесуваат барања до министерството за економија.
ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Што кријат и зошто не го пријавуваат имотот голем дел од функционерите на СДСМ?
Епидемија на недоставени Анкетни листови за имотна состојба до Државната комисија за спречување на корупцијата. Со СДСМ на власт нема почитување на законите, нема владеење на правото. Каков градоначалник такви функционери.
Генералки во с.Пештани и с.Лескоец
Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжува со акциите за генерално пролетно чистење во урбаните заедници и приградските населби.