Skip to main content
Мар 27, 2019

Во тешки економски услови кога поголем дел од занаетчиите работат со блокирани сметки  се соочуваат со нова давачка  да им плаќаат на калфите за да го научат занаетот. Регионалните комори од земјава со претставници од Министерствот за економија ќе бараат нови  решенија за подобрување на состојбите во занаетчиството.


Мар 27, 2019

Два дена Охрид домаќин на најдобрите бармени од државава, кои ги покажаа своите вештини при маневрирање со пијалоци. На првенството ќе биде избран и нашиот претставник на Светскиот натпревар за подготвување на коктели кој годинава ќе се одржи во Кина.


Мар 27, 2019

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „несовесно работење во службата“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против три лица од Охрид.


Мар 26, 2019

Засега се  заболени 24 лица од кои шест се бебиња  под 12 месеци. Нови случаи се очекуваат за 10 – тина дена период колку што трае инкубацијата на заразната болест.


Мар 26, 2019

Еколозите предупредуваат дека доколку продолжиме со неконтролирана урбанизацијата и девастација на зелените површини, во блиска иднина ќе се соочиме со сериозни еколошки проблеми.


Мар 26, 2019

Спротивно на законите кандидатот за градоначалник Георгиески продолжува со предизборни активности. За СДСМ и Константин Георгиески законите се мртво слово на хартија и тие не важат, обвинија денес на прес конференција од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Најавија дека ќе поднесат соодветна пријава за непочитување на одредбите од Изборниот законик.


Мар 26, 2019

Последната недела во март започнува летното сметање на времето. Во 2 часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се помрднат за еден час напред. Таа ноќ ќе имаме еден час помалку за спиење.


Сеп 30, 2021

Во текот на последните 24 часа се направени 3.425 тестирања, при што се регистрирани 494 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.