Туристите кои допатуваа во Охрид за осмомартовскиот празник дочекани со бисери и народна музика
На Антички продолжи традицијата на дарување охридски бисери за празникот на жената. Ваквиот празничен гест е за туристичка промоција на градот кој дава резултати, напоменуваат туристичките работници.
Заев: Неопходно е да се почитува одлуката на в.д градоначалникот на Општина Охрид за запирање на градбата во Лагадин
Истакна на средбата со преставниците од здружението „Стар Лагадин“, претседателот на Владата на Репубилка Северна Македонија, Зоран Заев. Министерот за Транспорт и Врски пак, Горан Сугаревски пак кажа дека конечното решение за ова прашање може да се очекува од одредбите на новиот Предлог-закон за урбанистичко планирање којшто е во собраниска постапка.
Од понеделник почнуваат велигденските пости
По повод почетокот на престојните велигденски пости Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 10. Март 2019 година (недела) – Прочка, во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско – Охрид, со почеток во 16:00 часот, ќе се служи вечерна богослужба (едноцрквие), Исто така од понеделник до четврток ќе има едноцрквие во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско.
На македонското здравство му недостигаат околу шестотини доктори
Министерот за здравство Венко Филипче најави дека секој млад доктор кој што ќе го заврши стажот во лекарската комора и ќе добие лиценца за работа, автоматски ќе добие и платена позиција во рамки на системот на примарна здравствена заштита.
Владата ги презема надлежностите врз плажите
После бурните реакции на експертите и јавноста во однос на случувањата на охридско струшкото крајбрежје Министерството за транспорт и врски ги одзема ингеренциите на општините Охрид и Струга за управување со плажите. Локалните власти не умеат да се справат со узурпацијата, локалните влијанија и бизнис интересите во однос на изградба на крајбрежието, тоа е основната причина за одземањето на ингеренциите, велат од транспорт и врски.
Единствената мини фарма со магариња во земјава се наоѓа во Велестово
Сопственикот ја основал пред две години со цел да ја зачува автохтоната раса . Но Првичната идеја прераснала во бизнис план. На пазарот литар магарешко млеко достигнува цена и до 35 евра а килограм сирење и над 1000 евра.
Нови археолошки откритија на јужната половина од цитаделата на Самоиловата тврдина
Археолошките истражувања на јужната половина од цитаделата на Самоиловата тврдина се во тек.
Охрид ќе добие поликлиника, а Струга нова болница
Министерот за здравство, заедно со претставници на проектната единица на министерството, ја посети Охридската болница и разговараше со претставници на надележните институции за тоа каде ќе се гради поликлиниката односно амбулантата, за која минатата година беше иузработена физибилити студија.