Министерот за здравство Венко Филипче ja посети Општа болница Охрид
Кажа дека развојот на здравството ќе оди во насока да не се дуплира скапата медицинска опрема, а да може да ја користат сите пациенти од регионот.
ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид: Каде се ветените катни гаражи?
Локалната власт на СДСМ и в.д. градоначалникот Константин Георгиески за период од без малку година и пол ја карактеризираат безидејност, неработење, неодговорност и негрижа за охриѓани, обвинија денеска на прес конференција од Ок на ВМРО ДПМНЕ.
ЗАВРШИ ШЕЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Денеска заврши шеесет и четвртата седница по ред на Советот на општина Охрид на која беа усвоени Годишните извештаи за работата и материјално-финансиско работење на средните училишта во Охрид, детската градинка „Јасна Ристеска“, како и училиштето „Кузман Шапкарев“.
Отворени се листи за собирање на потписи од 4 кандидати за шеф на државата
Во подрачното одделение на ДИК тече постапката за собирање потписи за поддршка на кандидатски листи за претсeдател на државата. Досега нема поднесено независна листа за собирање потписи за градоначалничка кандидатура.
Започна извршување на имотот на ГП Трудбеник каде Фибула ер Травел ќе гради брендирани хотели
Започна извршувањето на имотот на Трудбеник кај Студенчишкиот канал. Градежна механизација во присуство на полиција започна со отстранување на времените објекти на локацијата каде Фибула ер Травел во рок од две години треба да изгради два хотели од светски бренд. Извршниот директор на Трудбеник во судска постапка ќе бара поништување на купопродажниот договор за земјиштето.
Кабинетите по физика исчезнуваат од македонските училишта
Во охридските училишта скоро и да не постојат современо опремени кабинети по предметот физика. Учениците се лишени од можноста теоретското знаење да го поткрепат со изведување на експерименти. Во образовниот систем се направија промени , но не и во опрема со нагледни средства со кои ќе ги заинтересираат учениците за физиката, велат професорите.
Спортски ден за охридските основци
Спортската сала Тодор Александров во Велгошти и терените на ОУ Живко Чинго беа арена за одмерување на вештините и среќата во повеќе спортски дисциплини. Учениците од охридските школи се натпреваруваа во баскет, фудбал, пинг понг, шах. Натпреварите беа организирани од ОУ Живко Чинго , со поддршка на Локалната самоуправа и Сојузот на училишни спортови.
Младинците од охридскиот Црвен Крст излегуваат на терен
После успешната обука на преку 40 младинци од 14-18 години вклучени во националната програма Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА), од денес па во наредните два месеци младинците организирани во 7 тимови започнуваат со работа на терен во истражување на потребите на заедницата, пронаоѓање на целни групи и спроведување на најразлични креативни активности со цел обезбедување на средства за конкретна помош на оние на кои помошта им е најпотребна.