Skip to main content
Фев 28, 2019

На промоцијата Трендафилов истакна  дека основната причина да влезе во трката за градоначалничкото место во општина Охрид е фактот дека СДСМ и ДУИ се договориле за Охрид, во стилот „јас на тебе минаре-ти на мене гласови“ и сето тоа со молчелива  согласност на ВМРО-ДПМНЕ. „Институциите се посрамотија, но ако бидам избран, јас ќе се борам за доследна примена на законите“- истакна  кандидатот за градоначалник Михаил Трендафилов Нанче.


Фев 28, 2019

Во петнаесетото коло на машката супер лига гладијаторите ќе се сретнат со тимот на ракометниот клуб „Струга“.


Фев 28, 2019

ЈП „Нискоградба“ започна со реконструкција на кружната крстосница меѓу булевар „Туристичка“ и улица „Бистрица“.


Фев 28, 2019

Среда 06.03.2019 година на репертоарот во Центарот за култура повторно ќе биде изведена претставата „АНАЛФАБЕТ” – комедија работена според истоименото вонвременско дело на Бранислав Нушиќ, а во режија Ѓорѓи Ризески.


Фев 27, 2019

Општината не се откажува од проектот за реконструкција на кеј Македонија. Иако првиот обид да се добијат пари од Светска банка за оваа намена не беше успешен , општината повторно ќе аплицира. Потребната документација е комплетирана.


Фев 27, 2019

 Овој млад револуционер го положил животот за Македонија. Понесен од идеалите и ентузијамот за саможртвување порачал по  неговата смрт  главата да му биде пренесена во Охрид. Неговиот завет е испочитуван, а денес неговата глава е положена во дворот на црквата Св. Константин и Елена. 


Сеп 29, 2021

Поради најава за влошување на временските услови се одлага асфалтирањето на улица „Јане Сандански“ што беше предвидено за денеска. Поради подготвителните активности според најавеното улицата ќе биде затворена за сообраќај.


Фев 27, 2019

Во петок на 1 март од 19 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид  ќе биде прикажан документарниот филм посветен на минатогодишниот лауреат на Струшките вечери на поезијата полскиот поет Адам Загајевски.