ВРЕМЕ Е ЗА КНИГА – CHILDREN STORY HOUR
Црвен крст Охрид со задоволство го најавува почетокот на пролетниот циклус од едукативната програма ВРЕМЕ Е ЗА КНИГА – CHILDREN STORY HOUR кој ќе стартува на 14.02.2019 година и ќе трае 15 недели.
КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА КРЕИРАЊЕ НА СТРАТЕГИЈА ЗА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД
Имајќи ги во предвид општествените состојби на локално, но и на национално ниво во поглед на потребите, ставовите, но и предизвиците пред кои се исправени младите како неопходност се наметнува потребата за изработка на Локална младинска стратегија на општина Охрид.
Апаратите за анестезија во Општата болница во Охрид oд утре треба да бидат ставени во употреба
Апаратите за анестезија во Општата болница во Охрид кои поради сервисирање еден месец не се во функција, од утре треба да бидат ставени во употреба.
Науме Јованоски претендира да биде кандидат за градоначалник
Науме Јованоски, поранешниот претседател на ОО на СДСМ од Охрид денес официјално објави дека претендира да биде кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на партијата, на претстојните вонредни локални избори. Тој зборуваше за неговите проекции и визијата за натамошниот развој на Охрид како туристичка, културна, духовна метропола.
ЗГ „Оревче“ : Да се отфрлат предлог одлуките за легализација на бесправно изградените објекти во АК Градиште
Стотина семејства од Пештани, засегнати со враќање на имотите со денационализација од авто кампот Градиште,бараат како што велат, да се спречи криминалот и да си ги добијат имотите назад. Две децении трае нивната правна битка за враќање на имотите со кои сега стопанисуваат приватни субјекти.
ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Локалната администрација сака преку Советот на општина Охрид да протурка штетни и непримерни одлуки
„Неодговорното однесување на локалната администрација никако да запре сакајќи преку Советот на општина Охрид да протурка штетни и непримерни одлуки. Градиште е огледало на тоа како функционира целиот систем на Република Македонија.“ обвинуваат од ДПМНЕ Охрид.
В.Д ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ НА ПРОСЛАВАТА НА ДЕНОТ НА ГРАДОТ ДУБРОВНИК
На одбележувањето на Денот на градот Дубровник и заштитникот Св. Влахо, присуствуваше и в.д градоначалникот Константин Георгиески.
Заев најави силна економска година, но порача да се засукаат ракавите
Премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во работна посета на Охрид. Остварија средба со в.д градоначалникот Константин Георгиески и одржаа трибина со охриѓани „Силна економија шанса за сите“. Граѓаните прашуваа за проблеми поврзани со денационалзицијата, урбанизмот, катастарот. Премиерот порача да се чуваат природните убавини на Охрид, а урбанистичкиот развој на градот да биде кон периферијата.